Цц кремата на Мадара е одлична , јас крај на декември откако ја купив постојано ја користам , многу ми се допаѓа. Има некој кадифен финиш на лицето ако имаш комбинирана мрсна кожа , ќе треба да ја сетираш со пудра камена или во прав. Исто друга добра цц крема е на Буржуа 123 перфект , но доколку сакаш нешто природно, дефинитивно Мадара. Од кремите на Мадара имаш и пакување од 15мл
Јааас убава е, ноо мислам дека на Пурито мене повеќе ми се свиѓа. Во зависност од расположение ги менувам. Али ок е ја користам секојдневно и за работа обавезно пошто не користам повеќе пудра.
И двете ми се 23. ако сакаш пиши ми лп ке ти ги сликнам нијансите. Јас сум бела ама не нај и на пурито ми е топ нијансата Natural Beige , другарка ми е мнооогу бела и ја земав најсветлата . Миша е малку потемна така да оди исто со нијанса посветло од 23
Втората ја немам пробано ама првата ми е одлична. Цело лето со нејзе бев, се впива веднаш и не е тешка на лице, бб крема е малку покрива. Само пази со нијансите, мене најсветлата ми беше тамн а темно лице имам.
Јас ја користам ББ кремата на миша 27ца. Презадоволна сум, покривна е и лесна, ја носам преку цел ден. Многу сум среќна што веќе не ни користам пудра. Бидејќи имам мрсна Т зона си ставам и минерален прав. Двете ги има на акција моментално кај Elloxy https://elloxy.mk/?product=пар-декоратива
Здраво девојки, сакам да ја пробам бб кремата на Пурито ама не можам да се одлучам за нијанса дали 21 или 23. Мометално ја користам хелти мих 52. Дали може некој да ми каже која нијанса би ми одговарала повеќе?
Денес ја зедов оваа, на Биодерма, за осетлива кожа е. Јас имам дерматитис, затоа ја зедов. Ја има користено некој? Ако нема некој да сподели, дајте некој ден, па ќе споделам искуства
Од еурофарм 1100 ден. Скапичка е, ама вреди затоа што ми го среди проблемот со дерматитот. Значи не само естетски како пудриче што помага туку и медицински.
За ББ крема, да доста е покривна и за разлика од другите дава како мат финиш. Еве има некои што ги пробуваат на камера, види дали ќе те бендиса.
Таа ли што беше со фактор, една има мајка ми не знам баш таа ли беше, малечко шишенце. Ако е таа и мајка ми многу е задоволна, таа имаше воспалено лице со јако чешање дерматолог и ја препорача.