@Biodevojka Може ли мислење за составот на ББ кремата на Дебора? ))) Би сакала да користам без штетни супстанции, нешто по органско така..
@anggell со поголем фактор немам најдено некоја органска , природна.. Супер е, само има две нијанси, јас ја имам light , мене ми е супер и нијансата. Само ако имаш мрсна кома, мораш да ја сетираш и со камена, не е мат. Има убав кадифен завршеток. Друга крема , на Моса со спф 30, ама не е толку покривна како оваа на Мадара
Имав еден тестер дома и утрово го ставив да видам како е на кожа од оваа https://www.bellina.mk/p/1477/alga-...-krema-za-litse-so-spf30-50-ml?categories=124 Искрено се изненадив позитивно. Многу убаво го изедначува тенот.
Ја фалат таа на со био етик. Јас оваа на моса ја пробав на тестер и ми се допадна па си ја купив регуларно пакување. Не и дошло ред за редовно користење зошто дотрошувам пудри, ама вака неколку пати што ја имам ставено ми се допаѓа. Само оваа нема нијанси, една е, ама мислам дека се прилагодува на секој тен. https://www.bellina.mk/p/1050/bb-nu...-za-site-tipovi-na-kozha-50-ml?categories=114
Јас ја зедов на авон ББ кремата и бев задоволна од неа , многу лесна и покривна ми беше , можам да кажам дека ниту една пудра така не ми покривала бубулици или други несовршености на лицето , а при тоа да можам да ја носам цел ден на лице без да ми се растече ( особено во лето ) и да морам да ја поправам постојано . За органска , знам дека не е органска . Еве , оваа ја имав , сега повторно ќе си ја нарачам , т . е мајка ми ја нарачува , јас ја плаќам
Ај хелп, за што се овие креми? Бб,цц Ја сум падната од Марс не користам ништо а сакам да почнам да се грижам малку за лицево и неам појма читам тука и паѓам у несвест ништо не сваќам.
Бб и цц крема се пигментирани креми, многу полесни од пудра а даваат задоволителна покривност. Ако немаш голем проблем со лицето, можеш да користиш вакви креми.
Касно пишувам ама ќе може ли ако ѓи имаш уште и двете да ставиш слика на рака од нијансите И јас сум хм 51 па се мислам за пуритото да не ја утнам