За комбинирана и мрсна кожа светлата нијанса бидејќи сум светла (но се приспособува на тенот секако) http://www.garnier.ca/_en/_ca/skincare/ ... y-skin.htm
А дали некој случајно има земено од ББ кремата на Есенс (Essence)? Зедов каталог од парфимерија од Есенс пишува дека е нова и дека е 155 ден. Ако некоја Феминка има земено нека каже дали е задоволна,бидејќи сакам да си купам.
^еве ти видео ако ти заврши работа. Иначе каде е 155ден. сакам да си ја земам и јас да ја пробам,бидејки прилично сум задоволна од производиве на есенс. http://www.youtube.com/watch?v=wWRJ4clRuSA
Пред некој ден ја зедов на Нивеа.Имаат 2 нијанси ,јас ја одбрав потемната,имам темен тен и мислам дека за во лето ќе ми биде супер. Барем нема да имам потреба да ставам крем ,па пудра ,па камена....
Не знам каде сте ја виделе ББ кремата на Есенс за 155 ден. јас во ДМ ја ѕирнав прееска и беше 265 ден. Инаку нијансите ми се видоа ок, ама според структурата сметам дека повеќе ќе им одговара на оние со сува и нормална кожа, отколку на оние со мрсна и комбинирана.
Па така пишуваше во каталогот 155 денари. Но изгледа тоа е набавната цена. А во парфимериите си ја продаваат како сакаат. Утре ќе појдам и ќе прашам дали е толку колку во каталог.
Jас ја користам на Mејбилин,ја зедов во лајт\светла и ми се допага како стои на лице,само ме нервира што е малку леплива дури да се впие. A другарка ми ја користеше на Гарниер за мрсна кожа и лицето и се направи за никаде ,црвенило на секаде,лишаи и подкожни акни,буквално ја пржеше Bеднаш ја фрливме в губре,сега почисто и е лицето Jа има некој пробано бб кремата на Pимел?
^ Јас ја имам користено, ја баталив дека ми има многу тешка структура, во смисла буквално ми тежеше на лицето. И нешто што го забележав е дека многу тешко се впиваше кај мене - па си светев цел ден. Што знам, јас не би ја користела по втор пат... А и слаба покривност ми има меѓудругогото..
Тие цени што се во каталогот се продажните цени. На официјалната страна кремава чини 3,99 евра. Од Есенсе сум задоволна поприлично, иако некои производи ме имаат разочарано. А, за кремава, веројатно е нова, секоја сезона носат нови производи. Баш после ќе ја побарам.
А нема на Есенс ББ крема (во ДМ) за различни типови кожа? Оти по нетов гледам дека не е само една крема. Спојлер
сакам да пробам ББ крема само се двоумам дали да биди nivea или farmasi ? од фармаси знам дека е 300ден. од каталог а од нивеа не сум запознаена. дали некој ги користел и која е подобра? и колку е цената на нивеа?
Девојки ја исчитав целата тема за ББ кремовите но дури сега не ми е јасно ништо за нив Јас мислев дека се хидратантни кремчиња со некој слаб ефект на покривност нешто како пудра во прав... Но по сликите тие би гладаат баш како пудра... Јас пудра користам 3 пати годишно па сакав да земам од нов. Дали некој може да ми објасни какви се, дали го имас истото чуство на лицето како и со пудрите или? Дали освен стандардното чистење на лице навечет треба да се отстрани ББ кремеата исто како и пудрата или? И која од стие ББ крема е слична по нијанса со пудрите со нијанса Natural Ivory?
ББ кремата на есенс е 295 денари јас ја купив денес од екликсир оној во верото Утре ке ја пробам,па ќе ви пишам каква е
Јас па цела зима поминав со ББ на гарниер (два слоја ставав многу различно ми изгледаше од еден), за преку ден. Впрочем ја користев пудрата на Буржоа 123, од лани,за навечер, ама некако ми се смени,по паузата купив нова, но таа пак не ми чини, нејсе тоа за друга тема. Денес пак ставив ББ на гарниер и ми беше ужасна, светнав за секунда. Се осеќав како гувернерот Богов. Не знам дали да експериментирам пак со ББ крема или на нова пудра да отидам.
Ја пробав ББ кремата на Vichy и искрено очекував многу повеќе.Воопшто не е покривна,барем мислев дека нешто ќе покрие,ама не,тешко се впива и светев.Добра работа, е што таму кај што бев имаше многу ветер,па не ми го исуши лицето. Не сум задоволна,а ја купив бидејки сум задоволна и од кремите и од антицелулитната. Мислев за летово ќе ми заврши работа.