@Lavender4 @Aquarium од eloxy ја нарачав, а моментално кај coslovemetics имаат бесплатна достава за нарачки над 300 ден. Јас исто како @Ano користам 23 и се сложувам со нејзината споредба. На почеток кога ја нанесувам ми е малку бледа но потоа се изедначува. Прелесна е и покривна не како пудра но според мене доволно, ја сетирам со камена пудра одозгора за да трае повеќе.
Да имаше некоја сива нијанса, кој брзо ми се изедначуваше со тенот, ама затоа никогаш не забележав да ми оксидира што е позитивно.
Девојки колку е рок на траење на бб кремовите? Јас зедов лани крајот на летото една од Гарниер меѓутоа еднаш или два пати ја искористив, се прашувам дали може да ја користам пак, не пишува рок на тубата
Види на задната страна да не има слика од кутија со капаче и внатре во кутијата бројка, најчесто 6 или 12. Тоа значи дека може да се користи 6 односно 12 месеци од отворањето.
Да ми предложете бб или цц крема со заштитен фактор од која сте задоволни? Суво лице имам. Нека е органска, зашто бремена сум сакам нешто поприродно. Ама и доста покривна, зашто често имам црвенило по лицето
Ако можеш од Белина тестерче да набавиш од кремата на Моса со спф 30 или на Мадара со спф 30. Но не се многу покривни. Друга но со спф 15 исто на Мадара ЦЦ кремата можеш да ја пробаш
Missha или на Purito е доста пофалена дека била покривна. Јас првава ја користам и сум задоволна. И двете имаат заштитен фактор.
@Anturium јас имам црвенило и ја користам на пурито. Супер покрива црвенило и убаво изедначува. Сега сакам да земам од Missha, за какво лице е?
Па мислам дека за сува/нормална кожа е совршена, бидејќи е сјајна. А може да се сетира со камена пудра или минерален прав.
Сакам да ја купам Пурито бб кремата, но не знам која нијанса да ја одберам. Ако ја користела некоја 23ката да ми спореди на која пудра одговара нијансата.
Оваа си ја земав пред некој ден, мене ми е супер, не е нешто покривна, како крема за лице е, изедначува тен, не знам како ќе биде кога многу топло ќе биде ама засега ми е супер, најважно ми е што има фактор, не сакам 50 ка, мислам дека и со 50 фактор имаше.
Јас ЦЦ и ти препорачала на Мадара има две нијанси, супер состав, баш дава убав сјај, многу сум задоволна од неа.
на Bourjois CC кремата 123 е повлечена од продажба секаде, деновиве примеќам првпат ( што користите друго? (вам што ви одговарала оваа CC крема --ја нијанса 32 ја користев, комбинирана накај мрсна кожа, зависи-- која друга CC крема би ја препорачале ? оваа беше баш океј покривна, а природна, супер за преку ден
За цц крема е супер покривноста , како лесна пудра Има тестери во Белина, има и 15мл од истата крема можеш малото пакување да го земеш како за проба