Ах, ти цц кремата да не ја бараш. Таа мислам дека ја нема во продажба , са о пудрата од истата линија
Da da baram cc ili BB krema koja nema da mi go masti liceto I nema da mora da ja setuvam so kamena barem ne odman.
@buba4e89 Јас подолго време ја користам оваа ББ крема со црвена амбалажа, имам комбинирана кожа ама супер ми е. Во Скопје освен најтемната нијанса 3, не може да се најде. А пред некои ден видов нов производ сличен дека донеле па ако пробала некоја нека пише ќе ја означам и @Mishela мислам дека она ми ја препорача бб кремата од Буржоа поодамна
Таа ББ-крема беше преубава. Штета што ја повлекуваат, така ми се чини и мене за жал зашто не можам да ја начекам мојата нијанса веќе долго време и се откажав, Хелти Микс пудрата си ја користам. А оваа новава ја немам пробано на лице, само нијансите ги гледав да видам дали ќе си најдам ко за мене. Ми се чини дека ги смениле малку состојките штом е наведено дека се работи за clean верзија (не сум се потрудила да проверам нешто подетално). Ама ништо чудно да е многу слична со ББ-кремата. Штом пишува tinted, веројатно и се води како некоја ББ-крема. Да ја дотрошам пудрата, па можеби и ќе ја земам ако во меѓувреме нешто друго не ми привлече внимание. Се мислев за оваа на Mizon. Ми ја пофалија многу и навистина многу убаво изгледа на лице, ама на крај не ја купив. Да ме прашаш зошто, немам поим.
Loreal имаат најдобри BB креми. Ептен лежат на сечија кожа, ја прават мазна и нежно сјајна, солидно покривни се, а овие за масна и комбинирана кожа се врв. Свила. Еве ги најдобрите според мене(јас со масна дехидрирана и нерамна текстура на кожа). Се што имам купено од Лоерал до сега ме нема разочарано.
Ги имаше во ДМ, во мојот град се потрошени. Чекам да стигнат. Пред многу години оваа Magic ја добив гратис со течна пудра Лореал и бев WOW воодушевена бидејки само тој продукт ми изгледаше мазно на моето тинејџерско масно лице со пубертетски митесери и акни. А, Paradise еднаш ја користев од другарка, беше како свила што се слева со кожата. Баш Рај од ББ крема.
Мислиш масна и дехидрирана? Оваа Magic ја користев подолго и сум најзадоволна од неа. Штета ја нема веќе во мојот град. Баш ја загледав во ДМ. Нова е. Јас си ја користам ББ кремата на Гарниер редовно и сум пре задоволна од тоа како ја измазнува кожата и покривност, само иако пишува дека е за масна кожа мене брзо ми светнува лицето. Не се идеални како Лореал, ама тука некаде се со ефектот. Ако ја пробаш таа со Хијалуроник Алое пиши како е.
Јас ја зедов неодамна, за сува кожа е мојата, , многу ми се допаѓа новата формула. Ептен ми прија на лицето, и мирис и текстура, и покривност. Од старата гарниер не бев башмногу воодушевена, ама ова ми е прекрасна засега.
Bev vo DM vo mojot grad I niedna nemase od ovie na L'Oréal. Samo testeri. Barav po drugi mesta, nema ni na L'Oréal ni na bourjois. Vlegov vo apteka za Garnier samo ovie novite gi imase, start mat vo tuba ja nema po zegin. Kaj gi naogjate? Btw od ovie novite na Garnier koja e za masna koza, onaa so aloe? I nijansite Im se dve, bela I temna...
Немој да си трошиш пари залудно. Го имам и онака стои дека тогаш земав потемна нијанса поради лето онака ми стои. Баш е серум, не е ни бб крема. Единствено како подлога да се користи за друго не му гледам намена.