jas ja koristam na garnier za suva koza. Sum ja koristela I starata i nivata ambalaza i nemozam da najdam nekoa razlika, ono ne se ni sekava kakva bese starata. Na picetok mi bra super , veke dve godini koristam i eve posledno zabelezuvam deka ne mi pomriva niti malku i brzo mi ja snemuva od liceto, na pocetokot ne bese taka. Mozda mi e orezasitelno liceto od nea… predlog za duga BB krema za suva koza no da pomriva bar malku sekako ne ocekuvam ko pudra.
Не работам со фармаси, дури и тешко ми е да најдам некој за нарачки. Ама ЦЦ и ББ кремата им се врв, околу 400 денари на попуст се. Не сум фан на каталошка продажба, ама овие фармаси, што и да сум земала, сум презадоволна.
Во ДМ веќе со недели можеби и месеци не носат Лореал, се по малку имат останато, само тестери од ББ кремите, барем у мојот град е така. Штом никаде ги нема значи е до дистрибутерите на Лореал.
Ја видов оваа промоција на инста, прашај ги со попуст која е цената. Јас ја користам тонираната , топ е презадоволна сум
Женски некоја што користите Бб на Пурито да ми каже какви се нијансите? Гледав на нет и некако не сум сигурна се двоумам меѓу 13 и 23 нијанса.
Na nivea bb kremite ubavi li se, dali nekoj gi koristel. Dali ina za suva koza i kakvi nijansi. Na garnier ja koristam temnata nijansa. Tamu ima dve nijansi i taa mi odgovara.
Мислиш помеѓу 21 и 23 ? 21 е за ептен светол тен. 23 е за светол / медиум ( јас ја користам а имам светла кожа со светли очи и ми одговара) не сум со би рекле со ,, блед тен,,
Абе од странство сакав да ја нарачам да ми донесат и сеа имаше повеќе нијанси, па затоа бев збунета. Ќе си нарачам од овде 23ка штом велиш така. И јас имам светол тен. На Миша 21цата ја користам ваљда ќе ја погодам..
Е тоа не знам да ти кажам. 21 имам земено за другарка, а 23 ја користам јас. Другите нијанси не знам какви се.
Воопшто не ми остави впечаток. Како обична крема да сум ставила. Мене многу убаво ми легна, многу пријатна. Средна покривност и природен изглед. Многу убаво изедначува тен. Ама јас немам проблематична кожа, значи само кај мене само изедначување и ситни неправилности.
Во принцип во прв момент кога ќе ја истиснеш делува темна, ама многу убаво се прилагодува. Јас на пр.користам ревлон 180, прити нетурал 050... што се прилично светли и многу убаво ми одговара
Девојки, ББ кремата на So Bio Etic, како и е покривноста? Дали би одговарала за нормална/сува кожа? И нијансите како се? Светлата да не е многу светла?