Јас ја имав супер е ако немаш што да покриеш, идеална е за лето. Но, малку е сјајна барем мене ми беше, а јас со мат прајмер ја нанесував па ми држеше така. Сега не се сеќавам за каква кожа е, да не те излажам но е многу лесна крема. Има нели CC перфект 123 мислам дека на неа мисли.
Прочитав милион добри рецензии за неа и отидов до Космо,девојката ми кажа дека од поодамна ја нема во производство.Сега има едни ама не се крема,колку што разбрав полесна пудра,ама јас баш ја барав цц кремата или нешто најслично на неа.
Ја имате пробано бб кремата на Purito? Имам комбинирана кожа склона на акни, и сум 30+ ја гледам нијансата natural beige. Ми одговараат среден тон пудри со жолт подтон. И дали ја имате пробано бб кремата на Embriolise ?
Ембролисе не, но Пурито ја имам купувано неколку пати. Покривна е и со неа делува лицето свежо. Јас со крема под неа, имав сјај. Со камена се матирав на т зона. За мене беше ок, сега секој ден ја носам бб на Missha 27. Пурито е за нијааанса попокривна
Девојки ми треба предлог за бб или цц (никогаш не научив што е разликата) за ептен осетлива кожа и сува. Активен ми е и атопикот моментално. Не ми е важна цена, претпоставувам подобро медицинска него органска. Земав биодерма сенсибио дс+ крем за лице и ми помогна со перутање на некои делови. Сега се мислам од истата линија да земам бб, има користено некој? @jacqueline.s мислам имаше, задоволна си?
Да презадоволна, никогаш друга пудра или бб/цц крем нема да купам, ми се чини. Само пази бојата, една е. Мене ми одговара на дргарка ми темна и беше.
Тоа ќе прашав следно. Ама и јас сум потемна, се надевам ќе ми одговара. Супер, си ја зимам не се мислам тогаш.
Дали некој видел од кремава некаде да има повеќе нијанси? Ја има во dm, но има само една нијанса, која е темна и не ми одговара...
На тик ток видов многу ја фалат од Golden Rose BB balm кремата. Ја има некоја од вас користено? Слушнав дека не покривала многу, што ми одговара и дека изгледала многу природно.
Преубава е, ја имам користено. Средна покривност, дава многу природен сјај, баш е glowy & dewy Btw, ги имате некаде видено?
ДМ се многу слаби со роба веќе пола година истата нијанса стои, светлата ја нема. Што се дешава не знам? @Emilija97mk Имам користено многу одамна од овие и BB и CC крема мислам имаа. Одамна ја немам никаде видено, многу производи на Лореал ги нема веќе. А ББ кремите им се фантазија.