Pa si kupiv vchera proizvodi za lice za tipot na kozha , a Dali BB krema pokriva podochnici. ? Fala . https://mk.healthy-food-near-me.com/bb-cream-vs-cc-cream-what-s-the-difference/. Interesno da se prochita
Mi se dopadnaa tie BB kremi vo Stokomak Bea ushte dve , prvpat vlegov tamu vchera ..I super e marketot .Ima ubavi eftini raboti .I gi zabelezhav BB kremive nz Dali imaat faktor, no ke otidam da si kupam !
Purito Cica Clearing BB или Madara CityCC? За комбинирана, осетлива кожа. Не ми треба кој знае каква покривност, колку само да изедначам тен. Во цениве се разликуваат бајаги, а читам позитивни рецензии и за двете.
Покрива до некој степен. Најдобро е да идеш во дуќан имаат тестери да пробаш за тебе колку е доволна таа покривност и боја исто така. Појака ако сакаш земи цц но не знсм тие какви се немам користено но треба да се многу по покривни. Ги немам пробано но би рекла дека пурито по состав не ми се допаѓа и не би ја пробала бидејќи ми ја зборат дека не е нешто нај но за секој различно.
Purito, не сум ја пробала. На Мадара ја користев лани да, ама не е и многу покривна , пример како на Миша. Мадара исто така има три нијанси , а корејските повеќе и нема шанса да утнеш. Јас light ја имав, ама не е баш за многу светла кожа
Ќе можеш да ми посочиш зошто? И дали ќе сакаш да ми дадеш мислење за состав на другава? Мадара пробав тестер од спф кремата, ми беше претешка, ко зејтин да имав на лицево, цел ден ме чешаше после. И затоа оваа цц ја избегавав до сега. Ама гледам доста фалена е, а ми треба нешто лесно за летово, не можам со пудра. Те имам читано дека имаш масна кожа, ти одговараше од тој аспект кремава? Реално не баш ефтина, а тестер не можев да најдам.
Јас ја сетирав со пудра , немаше шанса така да ја носам. Сите пудри и бб креми ги сетирам. Ама штом веќе си пробала тестер и не ти се допаднала, не ја купувај воопшто. Ако имаш комбинирана кожа таму кај што ти е масно лицето мора да ги сетираш бб кремите инаку ќе светиш Едит: сега ми текна, ја имав користено и оваа бб крема, на Моса, многу ми се допаѓаше, и не ми беше сјајна за разлика од Мадара, ама секако ако најдеш тестерче во Белина пробај си. Исто, слаба покривност има ама за изедначување тен беше супер https://www.bellina.mk/p/1050/bb-nude-5-vo-1-pigmentirana-krema-za-site-tipovi-na-kozha-50-ml
Најдобро е да си најдеш некоја бб крема што можеш да ја пробаш, вака во супермаркет тешко за тестери да имаат.
Јас ставам и под бб и под цц крема. Значи фул препаративна козетика од сапун до СПФ и после ББ, ЦЦ или пудра.