Се согласувам со мислењето на Медеа. И јас имам сува кожа и ја осеќав тешка на лице и ми истакнуваше мимички брчки иако ги немам, веројатно дека е мат. Покривноста и е доста висока иако е ББ крема би рекла покрива исто како пудра. За стоење на лицето стои долго не мрда ама по многу часа носење дефинитвно изгледа cakey. Ако имаш масна кожа ќе ти одговара тенок слој, дури и нема да имаш потреба од камена освен ако не ти е екстра масно лицето. Но за сува кожа строго НЕ!
@koritsaki, која бб крема на Миша ја имаш, старата, или новата верзија? Старата е таа во црвеното пакување, а новата е во светло розево. Не можам да најдам за новата ривјус на тикток, а по состојки ми делува подобро од минатата.
@Ketchup ако мислиш на blanc perfect бб кремот, јас ја купив. Супер е, со висока покривност, многу нежен дури неприметлив мирис. Е сега јас имам масна кожа и обавезно светнувам во т зоната но лесно се корегира со малце камена пудра. Само утка е што немаат тестери, јас сум доста светла и ја земав 21 ванила меѓутоа испадна ептен бела ама и најдов чаре со малце руж и бронзер заличувам на нешто, иначе вака самостојно ме прави каспер.
Фалааа. Поим немам, ама мислам розевава е слична формула, само подобрена, така да ништо чудно да ја повлечат црвената.
@Ketchup јас ја имам таа во црвената опаковка, не знаев дека има некоја нова јас ја имам нијанса 21 , ако повторно ја земам би земала посветла нијанса, не ми е мн темна ама ќе сакав нешто посветла,да беше. Инаку, и јас имам мрсна кожа и секако мора да се сетира , ја сетирам со пудрата Etude no sebum и MAC blot. Наредно сакам,да ја пробам ете на Heimish штом не е за сува кожа погодна. Мене многу убава ми беше и бб кремата на Mossa, не е мн покривна ама ипак нијансата топ ми беше. Баш неутрална како што сакам. @MayDiamonds а нијанса која ја имаше од Heimish?
Јас ја земав 23N, гледав по тикток reviews и многу велеа дека нијансите по број парираат со таа на Missha во црвено паковање (од неа исто ја користев нијансата 23) но искрено на Heimish е малку потемна - не е сива како на Missha туку влечи на портокалово. Ќе ставам слики од Heimish во спојлер на рака како изгледа се надевам ќе ти помогне. Јас имам блед тен, и оваа на Heimish 23 ми беше темна а на Missha 23 ми е идеална скроз ми се стопува со тенот па според тоа да знаеш ако си и ти бледа земи си посветла. Ако ја имаш пробано на Purito BB кремата јас сум и од неа нијанса 23 Natural Beige. Се надевам не те збунив Спојлер
https://www.bellina.mk/p/1050/bb-nu...-za-site-tipovi-na-kozha-50-ml?categories=114 Јас оваа ја имам користено, одлична е. Не е мрсна, ама секогаш го сетирам лицето со камена или пудра во прав
Дали ги имаш пробано и двете бб креми на Пурито и Миша? Ако да, која е подобра? Сакам да земам една од нив две, ама не можам да се одлучам која.
Да, ги имам пробано и на Пурито и на Миша. Од Пурито ги имам 21 и 23 нијансите а на Миша ја имам пробано само 23ката. Искрено, на Миша е далеку поубава, барем мене многу поубаво и поприродно ми легнува на лицето. Јас имам сува кожа и многу од пудрите и кремите ми изразуваат мимички брчки и тешко ми е да си погодам. На Миша има супер покривност, колку едно зрно грашок ми е довилно за цело лице да ми прекрие се рамномерно и да не изгледа cakey и да се познава дека носам пудра, а имам баш флеки од акни за прекривање кои тешко и пудра ми ги прекрива ако не ставам два слоја. Не сум проверила ама можно е на Миша да има нешто за color correction во составот, не сум сигурна. Нијансата 23 мене ми е совршена, скроз ми се стопува со тенот. Вистина сите нијанси имаат некој сив тон ама кога ќе се размачкаат на кожа како да се стопуваат со природниот тен и се прилагодуваат. На Пурито бб е малце посува од Миша, барем јас такво чувство имам не е толку кремаста. Со нијансите немам проблем ама не ми се допаѓа нешто многу како изгледа на кожата, почнува да се дели парчиња што и да ставам под неa. Уште експериментирам со креми и спф кога сакам да ја носам неа да најдам нешто што ќе и одговара да се бленда поубаво. Е сега најголемиот проблем е тоа што составот на Миша е многу лош има многу комедогени состојки што за мојава кожа склона кон акни се смрт. Ако ја ставам еднаш во долго време нема да имам некоја реакција ама ако ја носам секој ден лицево ќе ми стани хаос. Со Пурито го немам тој проблем и составот е многу поубав ама како што кажав не изгкеда убаво на кожа.
@MayDiamonds а што е со оваа новата верзија на Миша што ја зборевме во темава неодамна? Дали составот е унапреден или ист е како кај оваа во црвена тубичка? Го немам погледнато, ако си споредувала баш пиши.