Пудра за лице Околу 280 ден. е. (зависи каде ќе ја купиш - јас во дм пред 2-3 месеци толку ја земав, на др. места може да е поскапа.) За комбинирана до мрсна кожа ти е таа во потенкото тубиче.
Може да имам пишано, ама ајде еве уште еднаш Ја користам ББ кремата на лореал веќе година и пол и сум презадоволна, доста прекрива а и престанав да користам пудра, бидејќи стварно немам повеќе потреба од тоа
Користам бб крем на Mac и сум презадоволна, не се ни чувствува дека ја носиш на лицето, солидно покрива го изедначува тенот и бавно се троши што е најважно за сега не планирам да ја сменам за дневен изглед е совршена
Јас оваа ја користам,и задоволна сум Добро покрива и цел ден мислам дека немам ништо ставено на лицето
Јас вчера ја зедов BB кремата на L'oreal за 15.80€. Го пробав тестерот и доволно беше за да лупнам скоро 1000че за неа. Ако не се лажам истата крема е за која што пишуваше Doozy. (она со гранулите) Еве што пишува одпозади: ● flawless coverage ● perfectly even skin texture ● fresh dewy glow ● 24H hydration ● protects with SPF 12 Демек 5 in 1.. Јас ќе пишам овие денови колку сум задоволна.
^ Mалку скупо си ја платила во Космо е 600 и некој денар Јас лично сум премногу задоволна, зашто за овие упер горештини не треба некое пудриште. Малку од ова е сосема доволно за да се заштити лицето а да не ставам крема за сунчање и да светам како лампион. Брзо се суши и има природен изглед.Мене не ме познаваат дека имам ставено пудра со ова.
Ја користам оваа моментално, најтемната нијанса. Не ставам ни крема ни ништо, совршено ми одговара дека ми е исончана кожата. Доста е густа и е по покривна од многу пудри што ги имам по дома, а од друга страна изгледа многу природно како ништо да немам ставено на лицето. Се заљубив во овие Кларинс веќе И кога сум веќе тука да кажам дека на Нивеа ББ кремата е актастрофа за мене, таа лајт е ко розева паштета никаква, не се ни размачкува ко што треба, се собира кај ушите кај носот и во сите агли на лицето, додека пак на мајка ми совршено и одговара на мрсната кожа. Мојава дека сува изгледа па затоа не ја бива, ама и нијансата е ужас невиден, ќе ви поставам слика деновиве
И јас и фрлив око, ама не ја купив... Иначе сите производи што сум ги купила од Каротен, од масла до кремови се одлични и вредат за парите !!!
Конкретно јас сум презадоволна од ББ кремата на Пупа.Дури од кога ќе ставам од неа како посвежо ми изгледа лицето и има одреден степен на покривност.[http://www.ebay.com/itm/PUPA-BB-CR...=Make_Up_e_Cosmetici&hash=item1e74caebcf/url]
Колку е цената на Менхетен ББ кремата за нормална до комбинирана кожа , и дали има избор на нијанси ?
Имам користено ББ креми на Лореал, Боржуа и Нивеа. Лореалот прва ја коистев, стварно бев многу задоволна зошто на почетокот е како бела со ситни црни трошки и кога ќе ја размачкаш на лицето се претвора во покривна функција, бев сигурна дека сум избрала добар производ што не штети на моето лице. Но, кога ја пробав Боржуа (што е инаку најскапа од сите 3) се изненадив колку е добра, во тој период не ни користев пудра, има одлична покривност и е 8 во 1, што е највеќе од сите 3 ББ крем што ги пробав. Парите се исплатеа, кога би купувала ББ крем без размислуванје би ја земала истата. Кога бев во ситуација без мојата шминка,далеку од дома и принудена да се снајдам да се потсредам малку, најпримамлива ми се виде ББ кремот на Нивеа. Ја земав во светлата нијанса ама страшно се разчарав кога ј апробав. Не се размачкуваше, беше некако тешка и тоа што највеќе ме зачуди-темна. Ми останаа како грутки на некои делови од лицето дури, ич не ми се погоди. Утредента веднаш летна кај сестра ми во несесер, џабе потрошив пари.
Сега веκе ништо не ρазбиρам. Нивеата ја бива за сува κожа или не? Неκој виκа да, неκој не. Дајте совет κоја ја бива за сува κожа.