Нема врска тоа. Па и во Дм продаваат посебни ББ креми за сува, посебни за мрсна и комбинирана кожа. На пример од Garnier и Ziaja (достапни и во некои маркети) има верзија за сува и верзија за мрсна (и за нормална и за комбинирана, де) кожа.
Така ми кажа таа вработената. Си земав јас цц, не е толку мрсна. Од сега ќе си знам дека има и за мрсна кожа.
Значи разликата во тие креми е следнава : Вв - крема про содржи малку пудра и е помалку покривна Сс - попокривна од бб кремите.
Мене оваа ми е најпогодена досега. Во последно не ни користам тешки пудри. Некако си се пронајдов во овие за денски излегувања.
Јас дојдов да ја пофалам оваа бб крема на Хеимиш. Покрива како пудра со лесна покривност. За комбинирана кожа пудра за сетирање не ви е потребна, јас со мрсна кожа си сетирам секогаш. Овие недели како ја користам не посегнувам по пудра воопшто.
Оваа е повеќе покривна од Миша, не е сјајна , дури не мора да се сетира. За сува кожа да напоменам не е. Да оваа ми е поубава. И нијансата исто. Јас ја имам 19ката не е темна, како што беше во случај со Миша 21 ми беше темничка
Здраво, се мислам и јас за бб кремава, бидејќи еднаш си ја утнав нијансата со миша, да те прашам 19ката дали е жолткаста или тера накај сиво/розе бидејќи често знаат да се чудни нијансите кај корејскава козметика. И дали ги истакнува многу порите, или е баш помат?
Не е воопшто розева 19ката. Мене баш ми се вклопува во тенот, неутрална нијанса е, ама,розева не е. Јас со раце ја нанесувам , треба да пробам и со сунѓерче. Не ми ги истакнува порите, јас ја сетирам со пудра секогаш зошто сигурно ќе засветам.
Значи имам чудно прашање сега. Ја користам пурито бб кремата, и ми е супер ептен погодена ама од мене непознати причини сакам да сменам. Незнам, ваљда ми здосади пурито. Така да предложете ми некоја пудра или бб крема слична на пурито, може да биде и по мат нема да ми пречи