Женски предложете ББ или ЦЦ крема ама да не биди темна нијанса. Јас сум ептен светла и многу тешко да ми се погоди ваква крема, се некои темни ги годам. И да, имам комбинирано лице.
Heimish bb крема, покрива како пудра, ѕирни ја 19ката јас таа ја користам и супер е. Еве ја нијансата да ја видиш
https://coslovemetics.mk/product/heimish-moringa-ceramide-bb-cream-spf-30-pa-19-fair-beige-53g/ 964 денари
Јас одамна ги барам на Лореал Magic, не ни знаев оти имат нови пакувања. Каде ја има? Плус предлог за ББ крема за лице со нерамна текстура, комбинирана кожа? Стокомак носат скроз квалитетна козметика по ниски цени, за чудење се. Секоја чест! И јас ги барам со години, оваа на Лореал и старите на Гарниер ги имам користено само во животот и тогаш научив што е ББ крема и дека е подобро и било каква пудра.
Јас зедов заедно со Панорама маскарата на Лореал, гратис одеше. Ја има во продажба околу 10 евра, во Бипа, не сум во Мк.
И мојата прва Magic BB беше гратис со нешто друго од Лореал, затоа и не можев после тоа да ја најдам никаде во МК.
Da ve prasam tie sto ste ja koristele misha bb 23ta dali vi mava na sivo? Nekako da ne se prilagoduva na tenot. Bela sum so laden podton. 21 nekako mi deluva prebelo, 25 pretemno. Se mi se dopagja drugo, kako lezi, no so nijansata sum kako bezzivotna..
Да и јас не можев да ја погодам нијансата или беше сива или розева темна..јас 21 ја користев, па сменив и сега користам Хеимиш. Има подобри нијанси од Миша.
Za kakva koza e hemish, kako misha li e, zasto sostavot I bese fantasija. Tolku ubav sjaj mi davase. Ama nijansata nemozev.
Го има некоја користено овој тониран спф од Heimish? Тука го постирам зашто повеќе ми личи на некој тониран крем него ли на класичен спф, па ако некоја го користела нека сподели импресии. Баш ми треба нешто лесно периодов, не мора да е нешто којзнае колку покривно, ми треба чисто за благо изедначување на тенот. Миша ББ кремот ми е при крај и со тешко срце се разделувам од него, иако не би го купила пак наскоро. Сакам малку да сменам, ми здосади цела година истото. Го купив Пурито ББ кремот, ама ја утнав нијансата, претемна ми е. Следен пат ќе си барам тестер, не знам зошто се избрзав вака ама ај...
Јас од Миша ја пробав 13 и океј ми е. И јас сум бела со ладен подтон и обично секоја пудра/кармин или пак руж и бронзер, ми мава на портокалово, оваа нијанса ми е малку посветла ама со руж и малку шминка океј изгледа.