Дојдов да го препофалам овој производ од Wet and wild...нешто како хибрид помеѓу бб крема и пудра, со средна покривност ама презадолна сум од тоа како стои, од издржливоста, од како други продукти стојат над него, за 400 дена презадоволна...Овај производ е Tik tok made me buy it, и тоа се мислев помеѓу него и Serum Tintot од Лореал, и ајде го зедов тој од Лореал демек поскал сигурно поубав, не дека е не е убав, стварно е како свила кога се нанесува ама знае неубаво да ми реагира со други производи плус покривноста му е многу мала...за разлика од него овој од Wet and Wild во комбинација со убав коректор лицево ми изгледа стакло иако имам и по некоја акна и доста хиперпигментација...Јас имам комбинирана кожа ама многу малку ми светнува и тоа само во Т зоната и ми стои цели ден 8 часа на работа, а некогаш и после 15 часа го ваѓам и тоа пред спиење...за цената презадоволна
Не...ја зедов најсветлата нијанса мислам дека беше Fair/ Clair така нешто..одлучна бев да ја земам Light medium од слики што имав гледано по интернет (Бидејќи Light medium е посветла него Light ) ама во последен момент на лице место се премислив...знам дека и ти си светла како мене мислам дека топ ќе ти е нијансата
Супер, баш ме израдува. При крај ми е Missha ББ кремот, а од Пурито нијансата си ја утнав ептен (не ми текна да побарам тестер), па ми треба нешто вакво лесно колку само да изедначам тен. Ќе ја ѕирнам па ќе пишам, се надевам дека ќе ми се допадне и фала за препораката.
Мислам дека ќе ти се допадне, а искрено за цената е предобра...Добар е и тинтот од Лореал ама многу малку покрива, а ова има предобра покривност и заедно со еден коректор од Wet and wild ми прават да изгледам како да носам препокривна пудра и некоја што кошта 3000+ денари а не 425 денари
Кој коректор го користиш? Инаку излеа само на мене на Пурито бб кремата ми беше претешка и масна абе пудра немам до сега толку тешка на лице ставено. Начекав акција 2 за 900 и со другарка земавме. Нијансата супер, прекривност супер ама текстурата на ништо не личи, ај што светнува, него што мрсотијата кога избива ја поткрева целата бб крема па имав patch-еви низ цело лице. Не ја ни дотрошив така си седи.
Сега мометалмо го користам овој од NYX ама стар ми е досега требаше да го фрлам ама во мк не знам каде да го најдам, од странство ми е овој донесен...а и коректорот од аура тој поновиот не е лош, не тој за под очи туку имаат еден full coverage, кога ќе ми се потроши nyx от на него ќе ќе вратам
https://www.alexandar-cosmetics.com/en/distributors/republic-of-north-macedonia/skopje Имаат и веб страна. Продавници има во Скопје и Тетово.
Огромна пофалба и од мене За сува кожа - измислен е. Дава преубав сјај на кожата и ме изгледа cakey што е нормално бидејќи е тинт, јас си го носев и во текот на летото на плажа над СПФ и си стоеше цел ден без проблем. Ептен е тенка фурмулата како серум е, јас го нанесувам со сунѓерче и дава уште по природен изглед. Е сега најголемата маана се нијансите ама кај мене тоа е нормално, ги мешам Fair и Medium бидејќи едната ми е пресветла а другата темна и изгледа супер. Исто мојава кожа е екстремно осетлива и склона кон акни особено фунгални, за среќа не ми прави проблем со ништо од тоа
Мило ми е што има и други задоволни корисници,особено за цената е топ...е за нијансите си во право мислам има само 4, јас планирав Light medium да ја земам која патем е посветла од Light ама во последен момент ја приметив Fair, неа ја зедов и не згрешив...Иначе јас сум презадоволна од кремава и една четка од Тему, ако планираш да нарачуваш некогаш од таму, некои безвезни 70-80 ден беше ама мислам од кога ја користам кремава со четкава уште поубаво ми изгледа...Иначе јас имам комбинирана кожа со историја на акни, исто не ми прави проблеми односно не ми прави нови акни а не ми светнува лицето иако т зоната ми е мрсничка...Некогаш ако сум расположена за glowy look не ни сетирам со пудра ваков вид четка
Еј фала ти многу каква случајност периодов баш барав четка за пудра, никогаш не сум користела четка за нанесување досега некако се навикнав со сунѓерче ама сакам да сменам. Ќе ја нарачам веднаш и ќе пишам импресии
На сува да, само малку се чудни нијансите. Таа горе што си ја поставила, не сум ја пробала ама гледам бели нијанси има. Не знам во што е разликата.