Таа црвената има само темни нијанси ко што гледам, а белата е со фактор 50 и има нијанси како за мене. Не сум користела бб крем претходно, па не ми сум толку упатена.
И црвената е со фактор 50. Само да , потемни се нијансите. Јас 21 ја користев и ми беше сива. Бели нијанси има Хеимиш, јас 19ката ја користев и дури малку пребела ми беше, ама таа не е за,сува кожа
Здраво женски, пред некој ден си купив ББ крема на Балеа, и сега супер сум задоволна како ми се впива, арно ама, на почетокот бојата е супер, ем ми покрива, ем хидрира, ама по некоја минута почнува да потемнува. За среде лето ќе биде топ. А светлата ја земав крема. Дали има некоја друга ББ крема, со светла боја, што нема да се промени по нанесување ?
Во coslovemetics.mk или во продавниците нивни во Центар (близу Беко), во Сити мол (Бебехоум) 1071 ден. Јас ја користам и ЦЦ кремата на Алверде, таа е многу евтина околу 100 и нешто денари баш ми се погоди ама и таа малку оксидира
Девојки препорачајте ми некоја бб крема за масна кожа.До сега ја користев Missha нијснса 27, добра е но некако после неколку часови т зоната станува масна.Незнам што да земам,барав Лореал во Дм но нема.
Нијансите какви се спрема Missha,се мислам Medium или Light tan.,Не сум многу бела.Незнам ова light tan да не е многу темна?
Женски, прв пат пишувам во оваа тема, користам бб крема од велнеа (ја купувам во србија) меѓутоа ми се потроши па барам замена. Може ли да ми препорачате некоја, ама да не е мн скапа. Ги видов овие во козлов меѓутоа не ми се дава 1000 ден за ббкрема.
Од девојките со баш светол тен, дали некоја ја пробала Purito bb cream најсветлата бр.13..да не мава на портокалово?
Имам пишувано за ова претходно, еве ќе го цитирам мислењето тука се надевам ќе ти помогне Јас имам многу сува кожа, и покрај тоа што добро ја подготвувам пред да ја нанесам ББ кремата, со хидратантен тоник, серум, крем и спф крем, на мене пак има мат финиш така да биди сигурна дека ќе ти се погоди ако кожата ти е баш масна. Спојлер
Јас користев бб крема од кико милано и ми се допаѓа затоа што не оксидира и убаво го прави лицето , за покривност не знам мене ми беше океј но јас имам чисто лице и не барсм некоја покривност. Од фармаси бб и цц кремите ми се допаѓаат и доста траат за тие пари се одлични. Би ги земала повторно кога ќе ми се потрошат. Од нивеа бб кремите не сум задоволна затоа што се прилично темни.
И мене ми е малце ама се сетирам со понеутрална камена и ми е океј. Исто сакав да ја пробам 13 ама гледав видеа на јутјуб и некако не можев да се одлучам, попрво 23 би ја порачала следно за споредба. Штета не сум од Скопје па да ги видам во живо. Ако се одлучиш за 13 пиши ми како си задоволна
дали некој знае слична бб крема на ербориан? супер финиш има ама многу ми е темна не можам да најдам ништо слично али посветло