оваа од ербориан е доста посјајна али суптилно сјајна некако, не цела светната, така да би рекла посјаен финиш
Ти благодарам многу на одговорот, но веќе купив. Од вет н вајлд и многу сум задоволно. Предобра е. Солидна покривност и не менува боја. Веќе една недела ја тестирам секојдневно и мн добро се покажа. Еве една препорака од мене on a budget
Мојата омилена...од кога ја купив баталив и пудри, го баталив Tinted серумот на лореал, само оваа ја користам....ја фалев неколку страни поназад, ем предобра ем има супер цена
Баш добра цена се изнадавав пари за Лореал и одма ми ги оцртува линиите се разделува.Лесна е на лице?фала ти
ББ или ЦЦ крема за комбинирана кожа? Мрсна Т зона со пори и црнки и нормални кон суви образи. И некоја со подобар состав ако може.
Мислам дека ја зедов од ДМ 425 денари, сега порачував нешто витамини од iherb и имаше нешто попуст за Валентајн и ја начекав за 350 денари, ќе си имам резерва иако споро се троши, јас ја користам најмалку 5 дена во неделата веќе преку 1 месец, не покажува знаци дека е при крај...лесна е на лице, можеш да стигнеш и до средна покривност ако ставиш повеќе нешто како пудра а можеш и како класична бб крема да ја користиш со ставање помала количина...е сега пред купување да си ги прегледаш нијансите на интернет, тоа и е едина мана има 3-4 нијанси и тоа Light medium е посветла од Light...да не видев на интернет немаше да знам...јас ја користам најсветлата Fair и ми е супер, обично од пудрите сум втора трета нијанса значи прилично сум светла ама не најсветла
Таман да ја пробам си викам, отворив да видам нијанси, си одбрав, и кога го видов составот, cyclopentasiloxane...јасно ми е зошто е така фалена. Фала, ама не фала. @koritsaki ти ги имаш користено Alga Maris спф кремите од Белина? Со последната нарачка порачав и тестери, ставив од таа од спф 50, многу тешко се размачкува и го остава лицето ко гипсирано. Ај викам на ладно стоеше, па може стврдната е малку, ама не, некако не ми легна на лицето. Дали тие со 30ка фактор се поубави за нанесување?
@Annath Да, јас ја користев таа крема, ја имав таа со спф 50 нијансата beige, мене ми беше добра зошто кожата челото поготово ми е помрсно и иако е густа ок ми беше. Со прсти јас ја нанесував. Со четка и мене не ми се нанесуваше убаво. Ми се допаѓаше, спф 30 ја немам пробано. Само нијансата ми беше малку темна, ivory некогаш би сакала да ја пробам.
Искрено не се разбирам многу во хемија што е состојката? а и не водам искрено мн сметка, ако користам чиста пудра, што знам што има во ружот, во пудрата во прав, во маскарата итн па на крај и во јадењето кое го јадиме...сепак секој одлучува за себе ама пиши може некој ќе го интересира и не сака да користи производ со таква состојка
Циклопентасилоксан е силикон што максимално го избегнувам во козметика. Препаратива и спф креми, и тонирани секако, гледам да се што поприродни, барем тоа можам да бирам ако не можам да бирам во храната што има, или во воздухот, или во водата. Она што не можам да го контролирам, не можам, ама она што можам - внимавам на тоа. Не ме сфаќај погрешно, не ти префрлам, си имаш право да користиш што сакаш. А јас силиконите не ги сакам баш. @koritsaki фала. Ајвори ми личи светла, имам и таков тестер, ама не го отворив да не бидам бела ко дух, мене ми одговараше медиум беж нијансата. Ама ко што реков, некако како гипсирано лицето си го осеќав, среќа што го пробав од тестер. Мене на Мадара ми е убава City CC, ама сега барам со фактор барем 20ка да е.
Не не убава работа и ти си имаш право да не користиш тоа што не сакаш, искрено прв пат слушнав за состојкава затоа и препрашав...баш ме интересира дали ја има во друга препаративна козметика која што ја имам, баш ќе расчитам при прва прилика...фала на инфо
@Annath јас тогаш кога ја користев, од ivory не можев тестер да најдам да пробам. Би ја земала баш најсветлата да ја пробам , ако сум ко дух малку со бронзер ќе ја затемнувам. Да, малку беше тешка на лицето за разлика од Мадара, и таа ја користев. Јас сакам многу да ја пробам на Др.Хаушка кремава тонирана е со 30 фактор ,ама дека тешко наоѓам рецензии и на форумов нема се уште некој што ја земал, така на слепо не ми се купува. Имам една спф крема да потрошам па да ти кажам наредно јас оваа би ја пробала