Јас имам многу светол тен и 13ка ми е таман, не мава на портокалово, баш убаво изгледа на лицето. Ама има друг проблем, кога и да ја користам ми се исфрла лицето имам сува кожа ама изгледа воопшто не ми одговара...
Предлог бб/цц крем за суви образи и мрсна т зона? До сега го имав ербориан, белата туба, убав но не за мојата кожа, светнувам брзо.
Каде ја има кај нас оваа на Хаушка да се нарача знаеш? И јас би сакала да ја пробам. Ја нема веќе тонираната на Биодерма, ниту ЦЦ на Еуцерин, оваа ја немав приметено досега. На Хаушка ја имам користено пудрата супер е.
https://www.epharmacy.mk/produkt/dr-hauschka-тониран-крем-за-лице-за-заштита-од-со/ Тука ја има таа на Хаушка, во Зегин и Анни фарм гледам не е достапна. Еве ја и на Биодерма https://www.epharmacy.mk/produkt/bi...touch-mineral-spf-50-claire-корективна-крема/ Биодерма ми беше ок кога беше поладно, лани ја користев, ама кога почна летото многу ми сјаеше лицето пд неа , лично не би ја земала пак. Хаушка и мене ми е на листа да ја пробам, само се надевам дека нема да е мн темна. Ако ја пробаш баш неа, пиши обавезно.
Иначе да поскапена е, беше 415/425 ден нешто така, сега ја направиле 575...забегаа со цениве на некој работи
@koritsaki Имаш ли порачувано од страната? Уште одма ја порачав ама не е стигната сеуште. Стигнуваат пратките?
Не, немам порачувано од страната. Пишува ли нешто за колку време ги праќаат пратките? За која се одлучи за Хаушка или Биодерма?
@koritsaki Ја пробав кремата и искрено втор пат не би ја купила. Некако од Хаушка од оваа крема баш се разочарав. Има 0 покривност, не знам зошто се води како тонирана, освен со палома кога поминеш лицето па остава трага. Инаку кога ставаш се впива во кожата исто како обична крема, јас ја имам со спф на Биодерма обичната и со оваа тонираната ми се буквално исти. Оваа ја земав затоа што барав изедначување на тен, ама дефинитивно ми е промашување. А не е баш ефтина да речеш.. Само има добар мирис на овошје инаку од мене има големо НЕ Предложете ми некоја добра ББ или ЦЦ крема без спф, и да не е како пудра, туку баш лесна само за изедначување на тенот ми треба. Да биде со добар состав.
@anggell уф, баш ми е жал. Фала ти што ми пиша, а баш сакав да ја пробам. Од бб/цц имаш пробано некои од овие на Алверде, Лавера? Мене знаеш што ме нервира кај овие со добар состав, не можам да си најдам добра нијанса , или се сиви, или светли а розеви. Значи нешто добро,а со неутрален подтон светла , не сум нашла до сега. Јас моментално користам една со спф 50 на Heimish и нијансата погодена се , ама составот на корејскиве не е природен. Исто и за Тиртир. Претходно ја земав цц кремата на Алверде без фактор, на почетокот кога ја користев беше ок, сега почеток на април забележав дека е оксидирана скроз на розево и при нанесување се рони. А не беше така на почетокот. И ја испофалив на форумов дури. Друга од Алверде ја имам пудрата 2во1 што е ама како што пишував , пакувањето е катастрофа, пола производ е залепен на шишето и никако да го извадам. Сега сум во мисла ова да го пробам кога ќе дојдам Мк зошто кај мене овде ДМ немаме. Барем евтино е , и да не се погоди ништо страшно. И јас барам нешто лесно за поручек/навечер а да не е пудра без спф.
Лавера ги имам сите пудри, не знаев дека има ББ крема, баш ќе погледнам да видам, ако ја има кај нас ја земам. Од Лавера скоро се имам пробано и се е супер.