Ја нема. Јас ја имам и нијансата и е подобра, не мава многу на сиво спрема големата Миша. 23 ја користам. Формулата и е предобра, но сивилото не го можев. Ја има и во Бугарија.
Ако мислиш на розевата со црно капаче, јас ја имам. Не е многу покривна, треба да надградуваш. Јас имам сува кожа па ми одговара ама ништо посебно. Ја имам посветлата нијанса.
Ми треба мислење за оваа крема, дали ја има некој користено, знам се прилагодува на бојата на кожата.
Јас ја пробав пред некоја година, цело лице ми се зацрвени и нафрла ептен, и тоа одма после ставањето на кремот. А немам осетлива кожа, воопшто. Мене не ми одговара козметиката на Ла Рош, а ти ако си користела нивна козметика, може да ти биде добар. Ама убаво е со тестер да пробаш прво, ако најдеш.
Која е подобра? Јас на пурито ја користам ама сега гледам и хеимиш е доста намалена па да не е подобра од пурито
Јас од Пурито бб кремата ич не сум задоволна, ја имав еднаш пред 2 години и не ми се допадна. Сега ја купив пак ама новата верзија со сменет состав со надеж дека би ми одговарала овој пат ама не ми одговара, многу ми е тешка како за бб крем и ми го нафрли цело лице. Тие што ја имате користено и Пурито и Миша, има ли голема разлика? Дали е Миша полесна во текстура?
Мене Миша ми има "подебела" текстура некако, Пурито ми е доста полесна и на допир и за блендање на лице. Можеби ефектот на Миша ми е за нијанса поубав зашто има поголема покривност. Кај Пурито ми се допаѓа тој dewy glow што го дава на лицето, ама би сакала уште малку поголема покривност да имаше.
Не знам дали јас претерано сум ставала или што било работата ама мене баш напротив ми беше премногу покривна и тешка на лицето, како маска. Пробував да нанесам со сунгер, со четка, со прсти, истото. Можеби не се за мене корејскиве бб креми
За Пурито велиш, така? Со слоеви се надоградува малку покривноста, верувам и со поголема количина, ама ми изгледа малку тортесто така, поготово кога ќе попушти ефектот од пудрата во прав што ја ставам за сетирање. Многу малку ставам јас и од Пурито, а и од Миша кога ја користев. Ама Миша ми беше малку темна, не знам дали пак би ја купила само заради нијансата. Онака скроз океј изгледаше, не дека вратот и лицето ми беа во сосем различни нијанси. Само не беше идеално стопена со мојот природен тен, па дека јас сама си го знаев тоа и ми беше малку безвезе, па некако оладив кон оваа ББ крема. Пурито ја дотрошувам во моментов и мислам дека ќе направам мала пауза, стварно ми здосадија ББ кремиве.
Missha ја користев пред некоја година нијанса 21, ама многу темна и сива ми беше. Нијансите се чудни, сиви. И повеќе не ја купив. Според нијанси и текстура Хеимиш најдобра ми е од корејскиве. Од Хеимиш 19ката ја користев.
Heimish ми остана непробана, а можеби треба да и' се даде шанса. Или оваа или некоја друга да разгледам, ама оваа што ја фалиш некако најмногу ми фаќа око. Ќе се земе некогаш, па ќе видам како ќе ми се допадне.
Ми треба помош феминки ја користев ББ кремата на Хеимиш нијанса 23 и океј е сакав да ја пробам и на Миша ама некако се мислам меѓу 21 и 23 која нијанса повеќе ми одговара. Ја гледав и на Мизон исто, дека имам мрсна т зона не знам која е најдобра?