Јас Мишата ја користам, посовршено нешто немам користено. Стакло ми е лицето, многу е долготрајна, се случува по цел ден да ја носам и да не ми се помести. Имам нормална кожа со масна Т-зона и обавезно ја сетирам ама после тоа воопшто не ја корегирам. На Хеимиш ја немам користено
Дали можеш да пишеш добри/ лоши страни на двете? Или зошто ја преферираш Хемиш. И јас се мислам помеѓу Миша и Хемиш. Имам комбинирана кожа, жолткаст тен, не барам некоја покривност, ама би било супер да не светнувам во т-зоната за брзо.
Миша не ми се допаѓаше бидејќи е нешто по сјајна од другава , мене со мрсно лице не ми одговараше брзо светнував, мора да ја сетираш почесто. А исто и нијансите многу темни и сиви. 21ката ми беше претемна. 13ката единствено не ја пробав. Хеимиш има малку погуста структура, полу мат , супер за комбинирана масна кожа. И нијансите се по неутрални. Од нив 19ката ја користев.
Ако имате зачленето некој во фармаси топло ја препорачувам CC кремата. Лесна на лице не се осеќа и убаво го изедначува тенот, покрива црвенило.
Купувам од Bebe home во Аеродром. Имам доста светол тен, ја имав земено 23 и малце ми беше светла ама со контури супер изгледаше. Летово кога имав потемен тен ја земав и 25ката па сега ги мешам двете и совршено ми одговара на тенот
Никогаш не сум очекувала дека производ по оваа цена ќе ми ги надмине сите очекувања, но Balea BB кремата навистина ме воодушеви! Текстурата е неверојатно лесна, се топи на кожата и веднаш создава природен, свеж и уедначен тен. Не остава масни траги и не се собира во порите.
Може да ми ја сликнете нијансата? Јас цц на Алверде ја користев и беше добра исто задоволна бев многу , малку нијансата не ми се допаѓаше за мене розева беше.. Ако е неутрална нијансата да ја земам
Не знам за сува кожа. Јас имам комбинирана накај мрсна. Јас сум бледа, па ја земам посветлата (хелер). Мада и потемната не е претерано потемна (ја имав малку користено на лето).
Не е на розево, жолтеникава е. Јас ја имам посветлата, мислев дека ќе е ок, мене на комбинирана кожа ми дава ефект на паштета. Не е лоша, густа е, не се упива лесно, ама е ок за тие чари. Не е многу покривна, ама изедначува тен.
И таа на Алверде беше густа , ама мене ок ми беше на пример за разлика од тие корејските, многу подобар состав има. Ќе ја пробам и оваа на Балеа посветлата, што е накај жолто, супер и да не ми се погоди барем евтина е
Ќе ти пишев синоќа, ама изумив, проверив после постот овде, на розе е и оваа, сум ја помешала со софт глам стикот на Катрис(во исто време почнав да ги користам), тој повеќе на жолто кафено ми мава, ама не е за мрсна кожа. Спојлер Еве слика ако сакаш да видиш Не е скапа, ама ако не ти одговара оваа нијанса, да не ја земаш за џабе.