Пурито претходниот состав ми беше откритие на веков. Значи толку погодена, природна со убав сјај на лице, нема кој не ме праша што имам. Новиов состав е цемент и за жал ни малку слична на претходната. Дали некој има да ми препорача нешто слично на Пурито првата верзија?
Има две верзии јас оваа ја имам. Имам светол тен ладен поттон и 02 ( light to medium) ми е совршена буквално како ништо да немам ставено, а црвенилото покриено.
Ова е старата верзија на цц кремата. Мене ми е подобра од новата верзија. Не се исти. Оваа со розево е погуста и повеќе прекрива, додека друга е поретка само изедначува. Совршена е, откако ја имам немам купено пудра. За секакви пригоди ја користам, секогаш супер се покажува.
Предлог за бб или цц крема за комбинирана кожа? Missha и Purito се користени, не сум нешто задоволна. Барам нешто друго секојдневно и лесно. И камена исто или во прав барам. Имам кожа склона кон акни.
Првичната Пурито ја немам користено, скоро ми дадоа тестер и не ми се допадна баш. Оваа ми е баш ок, не е ни сјајна премногу ниту сува. Најдобро ќе е тестер да си побараш доколку имаат
Да да отпосле ја видов старата дека ја имаат за нарачка. Ја нарачав и добив денес ЦЦ, а и ББ земав па ќе ги пробам и двете.
Вие што користите или сте користеле бб крема на missha, дали ова е истата само различно пакување? Или се различни бб креми?
Нијансите им се различни малку, барем на бројот што го имам јас. Мене нијансата од првата ми е подобра, од вторава ми е претерано сива.
Фала ви. За нијансиве, имам светол тен. Моментално ја користам на rimmel match perfection foundation 103 true ivory. Која нијанса би ми одговарала повеќе 23 или 21?
Јас по би ти препорачала да ја ѕирнеш или Тир тир или Хеимиш, и јас сум светла ептен и ја користев од Хеимиш 19ката а од Тиртир 17c , сега ја користам 17n Види ги нијансите баш се светли. Од Missha 21 ја користев ама ми беше и темна и сива.