Јас имам сува кожа и Нивеата ми се покажа катастрофа, имав ставено и обична крема одоздола и пак неможев да ја размачкам убаво, како грутки ми се правеше, а да не ги коментирам и нијансите. Лајтот е ужасна, мава на розево, а медиум е многу темна. Од ББ кремата на Дебора и на Гош сум задоволна јас, но се доста покапи околу 700 денари се и двете.
И јас имам прилично сува и осетлива кожа, па ББ кремава на Гарниер ми одговара. Имам прилично чисто лице освен пеѓите и сум задоволна од изгледот кој го дава. Има прекрасна кремаста структура и не ја суши кожата
Пред еден месец ја купив BB ANEW кремата на Авон и сум презадоволна, одлично ппокрива, дава сјај, и супер е кога е потопло времето воопшто не се растекува како обична пудра, само малку е скапа, ама може да се начека на попуст
Немам користено ББ крема,се мислам сега да земам некоја ,имам нормална кожа,може да ми препопрачате некоја успат
Имам некако комбинирана кожа, сува со мрсна т-зона. Не е проблематична, но имам широки пори, доста флеки и тек-тук црвенило. За покривноста мене дури ме изненади - многу е лесна и ретка, а се добива ефект на пудра. Ги намалува порите, ги покрива сите флеки, но за мозолчиња или подочњаци ќе морате да додадете коректор. Сметам дека е погодна за користење за кожа која не е проблематична. Особено е за оние кои сакаат да се ослободат од течната пудра, како мене. Исто така, добра е за млада кожа, и е далеку подобра опција за тинејџерки отколку пудри да шлакаат. Со оваа ББ крема успеав да ја заменам течната пудра преку целото лето, денски и навечер.
Ја имам од Орифлејм луѓе жива катастрофа дента ја кладов остај што по еден сат ми светеше лицето како да сум со масло потурена туку и се разбудив сабајле со мозолки на лицето ауууффф Јас се зафркнав многу требаше да ја земам оваја од Гарниер за кобинирана кожа
Од самата крема, затоа што структурата и е пре тешка и пре густа па на моево суво лице едвај се размачкуваше, или не се размачкуваше да кажам подобро, па на некои места ми оставаше како грутки кои е невозможно да се размачкаат.
Јас почнав да добивам гнојни акни од Гарниер и престанав да ја употребувам. Оттогаш лицето - стакло. А колку ја испофалив и ја фалев, значи стварно многу бев задоволна од ефектот. Сигурна сум дека е од неа, затоа што не ја ставав добри два месеца, ставив еднаш во Германија и веднаш ми испадна едно огромно бубуљиче. Сега си го користам пудрото на Севентин, тоа за жива глава не го менувам, ама ми треба нешто полајт вака за на факултет, оваа на Гарниер ми беше совршена, и цената ми одговараше. Гледам сега сите речиси почнале ББ креми да произведуваат и стварно сум збунета, не знам од кај да почнам, а не ми се фрлаат пари за експериментирање.
^^ Дузи, трчај жено дур трае попустот да си ја купиш ББ-то на Bourjois, поубаво нешто кожава ми нема осетено. Многу е постојана, се понаша ко права пудра, покривна е многу, рачунај јас имам бајаги за прикривање и мене ми беше одлична од тој аспект. За сите типови кожа е, воопшто не ја суши и не се осеќа тешко на кожа и што е најважно трајна е многу и на крајот од денот воопшто не е собрана во порите како што е случај со многу пудри и ББ креми. Јас имам мрсна кожа, те имам читано дека и твојата е нешто слично, комбинирана. Ако не ти се погоди, да ме плукаш. Е сега, она мислам дека има 4 нијанси ама кај нас ги нема сите. Во секој случај, две од нив имам забележано и мислам дека потемната од нив, 23-ката ќе ти одговара ептен. Ептен ја препорачувам ББ-во на Bourjois, моја оценка 10/10. Цена: 615 ден. до 30 Септември, потоа 850 или 830 мислам.
И мене Гарниерот ми правеше гнојни акни, и сигурна сум дека е од неа, зошто тој период константно само таа ја користев А баш ми беше погодена, ептен ми се допаѓаше, ама по континуирано користење увидов дека ми прави проблеми и ја баталив. Ми правеше ситни, ама гнојни акнички од кои Господ го видов додека се отарасам. А немам проблематично лице воопшто, само по една-две ситни акни пред добивање. Убаво ме среди Гарниерот, се исфрлав на места на кои порано никогаш акна ми немаше излезено И јас одамна ја мислам ББ кремата на Буржоа, ми ја испофалија и другарки и колешки, а видиш не ми текна дека сега и таа е на попуст освен пудрите Senza, фала ти на инфо, ќе си ја земам уште денес Ах, како не ми текна пред некоја недела кога ја купував 123 Perfect, наместо таа да ја земам ББ кремата... И така 123 има слаба покривност, сигурна сум дека и ББ кремата ќе ми завршеше работа, ама ај
^^ каде е на попуст ББ кремата на Буржоа? во Шатци? иначе и јас ја користам ББ кремата на Гарниер и баш ми е погодена, немам приметено дали од неа ми излагаат тек тум по некое мозолче пошо и пред да почнам да ја користам имав по некое и уште си ги одгледувам а имам доста добри критики читано за оваа на Буржоа, а сега и вие уште толку ме убедивте да ја пробам.
ББ крем пудрата на Буржоа е на попуст во Космо, Шатци, Еликсир, ДМ и некои други маалски парфимерии. Инаку еве едно инфо од прва рака, попустот продолжува и во Октомври
Сакам да ја пробам бб кремата на гарниер имам комбинирана кожа, а гледам дека многу девојки се жалат од неа. Што би ми препорачале вие за мојот тип на кожа (имам и акни, но си користам и коректор), нешто со пристојна цена?