Женски кој број на Хемиш ББ крема ќе ми одговара соодветна на Пурито 23. Немаат тестери па незнам како да одберам
Црвената не е дефинитивно за масна кожа. Барем мене не ми одговараше воопшто. И нијансите воопшто не ми се допаѓаат. Сиви се и темни. Лилавата какви нијанси има? На пример 21 каква е? Јас во Грција живеам тука ја имам видено во две големини од 15 мл и 50.
4 нијанси се, јас ја користам 21 најсветлата преку цела година освен лето тогаш 23 ја користам. Најсветлата скроз ми е таман, светол тен имам јас. Јас ја имам во паковање од 20мл, гледам сега и на coslove ја донесоа, па има и во паковање од 50мл, следно ко ќе ми се потрошат залихите од Бг таква ќе си порачам повеќе се исплаќа. Јас сум презадоволна, ја носам и по преку 12 часа на ден, со камена пудра одозгора и фиксатор не мрда и баш ми дава некој убав сјај и мала до средна покривност.
Јас ја користам Пурито 23, од Хеимиш ја земав 23N, само таа е малце за нијанса потемна од Пурито, види ја 23С само таа мислам малку на розевко мава, 21С е најсветлата ама таа ќе е многу светла, малку се зафркнати нијансите, евентуално да ги земеш 21С и 23N па да ги мешаш.
Јас имам многу мрсна кожа и искрено многу ми се допадна. И јас сум со светол тен и ладен подтон, и бр. 13 супер ми одговараше.
Да, ја користам.Пудра немам ставено откако ја користам.Не е баш мн мн светла.Ама мене ми легна ептен иако сум прилично бела.
Го купив ББ кремот на Maybelline, нијанса 40. Искрено, мислев дека ќе биде добар. Кремот има добра текстура, не е многу густ, ни многу течен, нешто на средина. Лесно се размачкува, мала до средна покривност има, ама на моето лице остава брашнест ефект, и очите страшно ме печат од него. Мислам дека е за сите типови на кожа, можеби повеќе за масна, ама мене ете не ми одговара. Ај преку брашнестиот ефект ќе поминев некако оти тоа можам да го средам, ама печењето на очи е ужасно.
Да, хидратантна е. Има лесна покривна моќ и дава убав сјај на лицето. Јас имам комбинирана /масна, го купив пред некој ден, и ок ми е, ама морам да ставам пудра за сетирање .
Бб кремите што содржат спф, дали се сами по себе доволна заштита од сонце или треба под нив да се нанесе и обичен спф? Претпоставувам дека не се, затоа што обично содржат помал процент на спф. Може глупо прашање, ама стварно не се разбирам од креми.
Јас мислам дека не се доволна заштита. Иако користам една со спф 50 , не можеш да ставиш премногу освен ако не е малку покривна. Јас ја имам таа на Апивита и ставам два прста и таман ми е зошто не е покривна многу.
Знаеш некоја што одговара на масна кожа и за посветол тен, да не оксидира? Јас ја користев на Кико Милано најсветлата нијанса ама како да почна да оксидира и да менува боја, портокалово изгледав.
Мислам дека не се доволна заштита за крајот на пролетта и целото лето, а можеби да за останатите сезони. Во лето под ваква секогаш ставам фактор 50.