Не сум нашла до сега некоја навистина да ме воодушеви. Или ми е темна нијансата зошто имам светол неутрален тен , или светам за брзо време. Повеќето што сум ги пробала ми се масни. Некои што ми се имаат така малку допаднато се на Heimish , Mossa па еве и Apivita. Ама и на нив им фали по нешто Heimish 19ката ми беше пресветла како дух изгледав, 21 па,темна ми беше. Другиве имаат по една нијанса и тие некако темни ми беа. Единствено не се премногу масни а пак мора да ги сетирам. На Pupa гледам ја фалат , ама,не знам каква е најсветлата нијанса, додека не ја видам во живо не би ја порачувала.. Исто некогаш би дала шанса и на ова , ама прво тестер би пробала. Порано користев една баш добра бб крема на Шисејдо пред може едно 10тина години ама повлечена е од продажба за жал. А беше мат со саати и баш неутрална боја имаше. Ако најдеш и ти некоја, што е ок секако ќе сакам препорака да пишеш овде @piglet1 знам имаш и ти мрсна кожа освен таа бб кремата на Missha што ја спомнувавме овде , предлог за некоја друга ? Нијансата 13 никаде не можам да ја најдам. Само од yesstyle но толку не ми се чека.
И јас го имам истиот проблем, мислам дека нема бб крема и пудра од која не ми светнува лицето после некое време. Па дури и да има мат финиш, за нас со мрсна кожа изгледа ништо не е доволно мат. Сетирам и со камена, џабе. Иначе ќе пишам, секако. Само да се најде нешто. Мајка ми ја користеше оваа, исто и она е со светол тен и не оксидираше. https://zegin.com.mk/mk/gerovital-beauty-natural-beige-techna-pudra-so-spf-10-30-ml Пишува пудра, ама јас би рекла дека повеќе личи на бб крема зашто нема некоја преголема покривност и не е тешка на лицето. Кај нас мислам само во Зегин ја има, а може и во Грција да ја има, да видиш. Го пишува и составот, па ако ти одговара можеш да ја пробаш. Јас кога бев средно си нарачував бб крема од Фармаси и знам погодени ми беа, тогаш и лицето ми беше многу почисто и не ми требаше голема покривност. Али тоа беше многу одамна, сега не знам ни дали постои уште Фармаси.
Да да , баш така Gerovital производите да, ги имам видено во Зегин, мислам и тука онлајн ги имам видено да. Фала ти за предлогот , ако има некој тестер или нијансата да ја видам некаде би ја пробала. А Фармаси мислам постои, само,и од нив немам пробано ништо
И од Missha ви светнува лицето, женски? Мене Missha (црвената тубичка со пумпица) ми беше убедливо најдобра ББ крема. На нијансите можеби треба да поработат, малку им се средно жалосни. Ама 21 (мислам дека таа ја користев, не се сеќавам добро) сепак мислам дека ми беше доста погодена, не ми двоеше од тенот кога убаво ќе ја сетирав. И доста убава ми беше, со покривноста речиси ко пудра беше. Пурито откако сменија амбалажа не ми е тоа тоа. И баш ми е жал, многу ми се допаѓаше, а нијансата ми беше совршена. Од другиве веќе немам поим што сум пробувала, а што останало непробано. Не ни следам што има ново веќе некое време, откако ја дотрошив Пурито.
@Panda00 супер фала ти ќе пробам @Mishela да, таа два пати ја купував ама ми беше мрсна. И нијансата 21 темна ми беше.
Сериозно? Јас па си викам ми се презасити лицето, зошто ја користам континуирано неколку години. При крај ми е, па се мислам што да земам следно. @koritsaki која од Heimish ти беше убава?
Мене не ми се допадна. Ја зедов нијанса 30. Нијансата е светла, но кога ќе ставам на лицето оксидира. Формулата не е ни мат ни сјајна, како мат со сјајна завршница. Многу брзо се суши немам време убаво да го изблендам. На крајот има брашнаст ефект како што кажа и кога ќе сетирам лошо изгледа на лицето.
Heimish ова не ми се допадна Општо cushion пудрите , мене не ми се допаѓа како ми стојат на лице. Мислам секоја линија ми се гледа. Оваа ми беше супер , само бојата баш не ја погодив , 19 ката ми беше многу светла.
Да, да, сменета е формулата. Некако не стои на лице како претходната. Не е лоша, ама не е ко што беше, најголема разлика има во ефектот како легнува на самата кожа.
Јас и оваа ја користам, има спф 30 , вака ок ми е, кога ќе се подзасуши не е glowy како што пишува ама не е ни мат. Секако дека секогаш сетирам и е супер. Само ете темничка е малку за мене. Многу убаво мириса, на цвеќиња и мед. Покривноста исто ми е таман, лесна кон средна, немам проблематично лице за преку ден е супер
Старата CC на Фармаси ми е врв. Покривна, лесна, не ми светнува лице, стои по 10 часа. BB на Хеимиш го оставив засега на пауза. Ќе пробам мешавина како ќе биде.
Дали некој го пробал овој skin tint на PUPA Wonder Me Nude? Ги има во Еликсир, вака по составот ова е еден од подобрите што ги најдов за проблематична кожа што би ми одговарал. Ме интересира каква е покривноста, дали природно изгледа и каков е за сува кожа?
Ја користела некоја од вас Jonzac ББ-кремава? Ми личи дека има доста солидна покривност, се мислам да и' дадам шанса, но ќе ми значи доста ако некоја ја користела и има да сподели импресии од прва рака.
Те молам сподели ако ја пробаш. Користев крема од линијата за хидратација и многу ми се допадна па би пробала за летово наместо пудра ако е убава
Предлог за ББ крема ама нешто природно, да не се познава дека имам на лице, полесна да е. За комбинирана кожа и да има заштитен фактор. Моментално ги имам на Биодерма, Уриаж и Хаушка ама сакам нешто ново. И состојките да се по ок.