Дали ја имаш пробано оваа бб крема на Bourjois? Јас се мислам да ја пробам ама ете не знам дали ќе ми одговара. А со нијанси се супер Bourjois, особено за светол тен
Гледав некои рилчиња и ептен ми фати око, со покривноста изгледаше ко пудра. Само се прашувам дали светлата нијанса ќе ми биде доволно светла. Ептен сум загреана да ја земам, ќе пишам ако се одлучам.
Да не е иста како на времето пудрата што мирисаше на овошје Хелти микс, сега исто име само ББ крема. Јас 10 години немам пробано нивна пудра.
Оваа е пудрата Хелти микс А тоа другото е бб крема. Истото е само што бб кремата треба да е полесна од пудрата.
Значи јас не сум ги погледнала нивните пудри 100 години. Не ја знаев ниту оваа. Во ДМ кај што одам нема Буржоа а мислам дека во ниедно ДМ нема. Најверојатно Космо, Шатци ги има а не ми се во близина. Ако ми излезат некаде ќе ја пробам.
Денес прв пат ја ставив и мене ми се допадна повеќе од црвената, некско со црвенкатс како да ми се собираше а оваа баш е полесна структура некако
@Avery Тука ќе ти одговорам Хеимиш ја потрошив и да ти кажам некако не ми се допадна. Јас 21 нијансата ја имав и ми беше ко розевкаста и не само тоа туку за мрсна кожа не е. Секако ја сетирам ама и пак брзо засветував. Хеимиш во туба ми беше по ок, ако си доста светла можеш и 19 нијанса да ја пробаш. Може имам ставено слика тука на темава да видиш како изгледа. Јас друга што сакам да ја пробам е таа погоре на Bourjois bb кремата. Не знам дали Loreal имаат bb/cc креми, овие дали ги има во ДМ и какви се нијансите
Фала ти на деталниот одговор. Многу ги сакав и користев порано пудрите на Bourjois ( особено 1,2,3 перфект, така веројатно се викаше), ама сега за топлово време со healty mix не сум сигурна како ќе ми изгледа лицето. Ако ја пробаш- сподели
Оваа крема ја има во ДМ, доколку некој ја проба да сподели мислење. се мислев да ја земам но се премислив, имам веќе една на Апивита. На оваа пишува дека нијансата е погодна за многу светол до светол тен. Па ме заинтересира.
Здраво, дали си најде соодветна бб крема на таа нијанса? И јас ја користам таа, но би сакала да сменам, и плус би сакала бб крема без спф зошто најчесто навечер ја користам.