Јас ја земав оваа ББ крема за секој ден бидејќи несакам да го горам лицето секој ден со пудра и онака имам многу сува кожа така да најдобра опција е бб крема за секојдневно користење а и за летен период, Убава е има густа текстура и добра покривност, убаво се разнесува низ цело лице не прави флеки и за прв пат нијанса да си погодам на бб крема сите ми биле досега темни а јас сум многу бела. Добро е што има многу нијанси од оваа колекција на бб креми.Нијанса 30 јас ја земав од светлите бидејќи само таа беше останата а има и порцелан што е најдобра за ептен бели бледи особи но и 30 е исто светла што е топ и мислам дека летово ќе ми биде топ нијансава малку кога ќе потемнам така да нијанса 30 нема да ја сменам. А да кога ќе направам спреј тен тогаш ќе земам и една темна
Јас пудра преку ден веќе не користам, ептен за излегување навечер. Корејската крема е нешто потемна од мојов тен и сива, единствено тоа не ми се допаѓа. Апивита исто е нешто потемна ама кога ќе ја нанесам на лице толку не се познава. Нешто полесна е. Ама искрено двете мора да ги сетирам на челото. Супер ми се.
@Medea. Која е повеќе мат од нив? Јас црвената ја користам моментално и супер ми е ама би сакала и оваа да ја пробам.
За каква кожа е? И дали ја имаш пробано во комбинација со шминка (коректор, бронзер, камена пудра и тн.)? Фала ти. Инаку, ја пробав тонираната/ ББ крема од Стокомак што ја рекламираше Магнолија. Нема баш најдобар состав, има и парфем и сл. и е со густа текстура, како пудрите пред 20 год ама фина се покажа. Нема некоја покривност, ама фино изедначува тен. Не е баш погодна за масна/ комбинирана кожа, ама ај- во мода е сега glow За сега не сум забележала да ме исфрла, а ниту ми ги иритира очите. Да не ја има пробано и некој друг?
За сите типови кожи е. Јас имам сува кожа. Ја сетирам со пудра и бронзери и контури. Супер е. За преку ден е совршена. Од како ја купив пудра преку ден не користам.
Па многу се слични ни една од нив не е мат разликата е оваа полесна ми е на лице помалку е мрсна од другата но сепак и двете ми се некако сјајни.
Како ти се покажува оваа? За мрсно лице како ја бива? Ме привлекува факторот најмногу и плус ако има доволна покривност, две муви со еден удар? Од каде ја купуваш?
Моја пријателка ја користи (има комбинирана кожа со баш мрсна Т-зона) и ми ја изнафали пред скоро. Во план ми е да ја пробам зашто навистина не звучи лошо. Се надевам дека ќе најдам нијанса што ќе ми одговара.
Cc Кремата на Dr. Hedison е најдобро нешто што сум пробала. За посветол тен е, одлична за сите типови кожа,јас имам мрсна,сестра ми сува и на двете изгледа одлично. Предходно пробани разни BB и CC креми како Missha, таа од Стокомак и други,ама ниеднa нe си може со dr.Hedison. Совршенство во вистинска смисла на зборот.
Да не остава ефект ко паштета? Пошто не сакам таква да ми е кожата. Може да се излажам да ја пробам. @Mishela @Abel имам пишано, мене ич не ми се погоди, паштета ефект имав од неа на лице, а имам комбинирана кожа. Не сакам такви креми, сакам здрав изглед и сјај, а тоа од оваа крема не го добив.
@Annath Ептен тешко се наоѓа добра бб или цц крема со толку висок фактор, плус покривна и плус хидратантна. Особено што практично не постојат ни тестери, ниту мини пакувања да не се фрлаат куп пари на неуспешни проби. Планирам секако да ја пробам кога ќе истрошам залихиве, па ќе видиме како ќе се покаже.