Од дм ја купив душо. Незнам за мрсна кожа дали е океј бидејки јас имам сува кожа. Но вака општо делува како пудра покривна е доста како за бб крема. Обично бб кремите не се точку покривни а оваа е како пудра буквално, но не ми го суши лицето, напротив многу ми е свежо и хидирано сега, пијам многу вода и плус не си го горам со пудри топ ми е! Секој ден ја користам бб кремата.
Читав коментари дека на почеток мирисала доста лошо, потоа наводно се губел мирисот. На што точно мириса, некој тежок мирис да не има?
Јас ништо не осеќам никаков мирис. А верувај осетлива сум на мириси. И не користам производи кои имаат мирис. Затоа и ја земав зашто се останато што има мирис лошо ми делува на кожата.
Препорачајте ми добра бб крема со многу лесна покривност за комбинирана кожа тоест мрсна т зона. Кај што живеам нема Дм па нешто што би можела да најдам
И јас преминав на цц крема. Од покривна и мат цела, пудра со години на Estee Lauder, на цц кремата на dr.Hedison. Добро ме изедначува и топ ми стои ружот, ми одговара и со еуцерин факторот како легнува. Е сеа колку е добро еден врз друг фактор, не знам баш... Светам, ама не масно, туку здраво. И не ми пречи. Имам кожа со текстура и не ми е баш мазна и за сега сум задоволна. Летово ќе ја користам сигурно.