Јас ја имам најсветлата нијанса, исто баш сум задоволна. Топ е ова, јас си го викам ББ-крема. Не ми се купуваше пудра за секој ден, а и сите по така budget friendly пудри што ги пробав периодов се покажаа безвезе, па прејдов на ова. И баш ми е убаво, навистина ништо повеќе не ми треба за дневна шминка. Па и за навечер е супер, сетирам со пудра во прав и нема гајле. Дава убав сјај, изгледа пристојно на мојата комбинирана кожа. Препорака и од мене.
Понатаму ќе си ја земам и светлата нијанса, многу ми одговара на лицето (исто со комбинирана кожа сум). Од оваа имаше и потемна (ама немаа во Дм, само тестер имаше). Доста сум исончана сега, а обично сум баш со светла кожа и ги купувам светлите нијанси од сите пудри (не најсветли, после нив бројчето). А бојава брзо ми паѓа, веќе се перутам И како убаво мириса, на нешто ме потсеќа.. незнам на штооо
Предложете ми некоја ББ крема за изедначување на тен. Да е лесна, да не се познава на лице, не ми треба за покривност. Имам нормална до комбинирана кожа, некако ми се смачи од пудри, сакам нешто што полесно да ми дише кожата.
Во coslove има убави бб креми што се навистина лесни мене најлесна на лице ми е миша виолетовата ако имаат тестери види дали ти одговара.
Не сум од Ск, дали е лесна на лице, не сакам да се познава онака како крема да му дојде на лицето. Не знам зошто ич не сум навикната од оваа страна да порачувам некако ми е безвеза. Седнам да направам нарачка нешто и за брзо се откажам.
Па јас искрено од сите креми што сум ги користела таа ми е некако најлесна ми делува и како крема со малце до средна покривност и лесна е и за секој ден и пријатна е на кожата. Само нијансите треба убаво да ги разгледаш затоа што има многу нијанси што имаат различни подтонови. Не се познава вака на лице баш е нежна како крема.