БОШ ФЕСТИВАЛ – е мултимедијална платформа, низ која се слави креативниот израз во урбан контекст. Или поинаку кажано, БОШ е обид за естетизирана артикулација и осмислување на т.н. ‘додадена вредност’ на урбаната култура... БОШ е процес на создавање на еден типично-поразличен, несекојдневен и неконвенционален, јавен простор... Простор, кој постојано се ре-дефинира, преку урбаните уметности, односно уметностите во урбан контекст... Простор, кој е доволно оргинален и опиплив, динамичен и пулсирачки, провокативен и/или контроверзен... Но пред сè, отворен и достапен за секого! БОШ е ‘инвазија врз духот’, акт за маркирање на културно-естетска, ‘слободна територија’! БОШ е и фузија и конфузија, и сензибилизација и вулгаризација! БОШ е меѓупростор кој поврзува, во потрагата по своето време и потреби... Затоа, доколку се сметате себеси за доволно слободни и креативни, и пред сè, со широко отворена душа, Гевгелија е вистинското место за вас од 24 до 26 август 2012 година. На неколку локации во централното градско подрачје, ќе се случува БОШ-2012. Во текот на трите фестивалски дена (петок, сабота, недела), предвидени се бројни, off-mainstream содржини, (професионални и аматерски), како на пример театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видео арт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања. Сите настани се бесплатни... Првото издание на БОШ ФЕСТИВАЛ се случи во 2009 година, а во чест и сеќавање на прерано починатиот актер и поет, Бошко Бозаџиевски (1981-200. Истиот е посвета од неколку блиски пријатели. превземено од: http://www.boshfest.com
Сите пишуваат за фестивалот, на сите веб страни, сите луѓе... а никој не прашува од што почина. Втор братучед ми беше нека почива во мир...
Навистина. Од што почина? До сега не сум слушнала ништо конкретно во врска со тоа, иако сум прашала. Жал ми е за твојата загуба. Нека почива во мир.
За овој фестивал дознав лани, и ми звучи многу примамливо. Многу ми беше криво што не отидов на рециталот на Ненад лани .. го слушнав Охрид и сакав пак, но не можев да одам. Си ги слушам на YT, но не е тоа - тоа. http://www.youtube.com/watch?v=sMtXwjagKL0&feature=plcp http://www.youtube.com/watch?v=bQV7UgojAOY&feature=plcp