1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

БОШ - Мултимедијален арт фестивал

Дискусија во 'Слободно време' започната од honorthyself, 24 август 2012.

  1. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    БОШ ФЕСТИВАЛ – е мултимедијална платформа, низ која се слави креативниот израз во урбан контекст. Или поинаку кажано, БОШ е обид за естетизирана артикулација и осмислување на т.н. ‘додадена вредност’ на урбаната култура...

    БОШ е процес на создавање на еден типично-поразличен, несекојдневен и неконвенционален, јавен простор... Простор, кој постојано се ре-дефинира, преку урбаните уметности, односно уметностите во урбан контекст... Простор, кој е доволно оргинален и опиплив, динамичен и пулсирачки, провокативен и/или контроверзен... Но пред сè, отворен и достапен за секого!
    БОШ е ‘инвазија врз духот’, акт за маркирање на културно-естетска, ‘слободна територија’! БОШ е и фузија и конфузија, и сензибилизација и вулгаризација! БОШ е меѓупростор кој поврзува, во потрагата по своето време и потреби...

    Затоа, доколку се сметате себеси за доволно слободни и креативни, и пред сè, со широко отворена душа, Гевгелија е вистинското место за вас од 24 до 26 август 2012 година. На неколку локации во централното градско подрачје, ќе се случува БОШ-2012.
    Во текот на трите фестивалски дена (петок, сабота, недела), предвидени се бројни, off-mainstream содржини, (професионални и аматерски), како на пример театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видео арт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања. Сите настани се бесплатни...

    Првото издание на БОШ ФЕСТИВАЛ се случи во 2009 година, а во чест и сеќавање на прерано починатиот актер и поет, Бошко Бозаџиевски (1981-2008). Истиот е посвета од неколку блиски пријатели.

    превземено од: http://www.boshfest.com
     
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Сите пишуваат за фестивалот, на сите веб страни, сите луѓе... а никој не прашува од што почина. ;) Втор братучед ми беше нека почива во мир...
     
  3. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Навистина. Од што почина? До сега не сум слушнала ништо конкретно во врска со тоа, иако сум прашала. Жал ми е за твојата загуба. Нека почива во мир. :bow:
     
  4. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    На honorthyself му/ѝ се допаѓа ова.