Колку верувате во нив, колку ги применувате и за кои народни верувања знаете? Обично ваквите суеверија се поврзуваат за неуките, прости луѓе ама мислам дека многу луѓе несвесно ги употребуваат Јас ги знам оние најосновните што ми ги кажувале како мала и верувам многу од вас ги знаат: Кога ќе помине црна мачка треба да почекаш да помине некој друг; Не седнувај на ќош од маса-нема да се ожениш/омажиш; Ако ти се истури сол, треба да фрлиш трипати по малку од секое рамо; Да не се јадат трошки-сиромаштија; Да не се тресат чаршави по зајдисонце; И да не се даваат пари во недела навечер-цела недела ќе даваш. Каква е ситуцијата низ Републикава? Кои се најчести бабини деветини што сте ги слушнале?
Другото име за овие бабини деветини е ПРАЗНОверие што значи верување на празно. Овие ставови воглавно ги равиле, како што кажа неуките луѓе, кои не можеле научно да си ги објаснат појавите во природата. Само се чудам како има толку многу образовани што денес сеуште веруваат во овие глупости. Единствено нешто што сега ми текнува е да не ја оставаш ташната на под, затоа што нема да имаш пари i Да не ја гребеш чинијата кога јадеш (преносно „до последно„), затоа што кога ќе правиш свадба ќе ти врне
ајде феминки ве молам кажете ми зошто не се кажуваат соновите пред 12 часот.... секогаш кога сакам да кажам на мајками што сум сонувала таја секогаш ми вели соновите не се кажуваат пред 12 саат... ако знајте зошто пишајте чисто онака да знам .....
зошто не се кажуваат сонови пред 12?! Никогаш не ме заинтересирало...Обично суеверие Не верувам во сонови,нема потреба да се преоптеретиваш(ако сонот не е добар). Велат дека и пред да си појаден не се кажуваат сонови бидејќи ќе се оствари...
знам ако седеш на 2 стола кога јадеш ке имаш двајца мажи т.е ке се премажеш знам ако на едната нога немаш облечено чорап мажот ке ти кривел имаше едно ако пееш додека јадеш ке земеш чукнат маж .. има ги мн..
абе ајде,сите различо велат,на кој да му веруваме?Како ти е пишано-така,ти и да не седиш на два стола може да се премажиш
Не сум суеверна секогаш преминувам ако црна мачка ми го пресече патот на една и фрлив и виршла не верувам во бабини деветини
Да не јадеш со лажица со која е правено односно бркано јадењето бидејќи многу ќе се збркуваш. Додека се дробат состојките на пример за салата не треба да земаш бидејќи ќе те фатат како крадеш.
да не се отвора дома чадор - носело несреќа после Божиќен ручек да не се крева масата....т.е чаршавот - се верува дека после Бог седнува да јади од трошките шо останале навечер да не се треси чаршав (од јадење, не од постелнината )- и јас до ден денеска незнам зошто да не се сечат нокти навечер - демек колку поголеми нокти ќе си пресечиш,толку поголема нервоза ќе имаш наредните денови сигурно СИТЕ ЗНАЕТЕ да не се тегните после јадење- јадењето му го предаваш на ѓаволот знам и други,ама ајде наредна прилика
Кога ќе тргнеш некаде по важна работа, или прв ден на училиште/факултет/работа/интервју....да не се враќаш што и да си заборавил.
знам една исто како kuklicka - да не се отвора чадор, ама не само дома, туку во било која затворена просторија оти носело несреќа и најглупо од се ми е кога во училиште некој отвори чадор сите му викаат несреќа носело и одма да го затвори
Баба ми за ова секој ден ми префрла, не само кога е некој важен и посебен ден. Секој ден заборавам нешто.. или новчаник или опрема по физичко, чадор, било што и секогаш се вракам и постојано ме кара, ама тоа е, кога сум си заборавена
1. Кога јадеш не треба да се истегнуваш. Му го даваш јадењето на ѓаволот. 2. Кога јадеш не треба да пееш. Ќе се омажиш за Циган. 3. Не треба да јадеш во кревет. Молци ќе те изедат. 4. Не треба да фрлаш ѓубре навечер. 5. Не треба да метеш навечер. 6. Не треба да тресеш чаршаф навечер. 7. Не треба да седиш на аголот од масата. Нема да се омажиш. 8. Треба да ја изедеш цела кришка леб. За да имаш среќа. Овие бабини деветини ми ги има кажувано баба ми. Инаку, не верувам во овие работи.
Не верувам во ништо од овие глупости. Исто, незнам зошто не се спомнати и оние "празници". Не се капи тој и тој ден, ќе имаш мртви коски во телото. Не се капи тогаш, празник е, ќе останеш вдовица. Е аман бе, немиени да одиме.
nekoi se izmislica no nekoi se mn vistiniti zavisi moja prijatelka izleze pred 40 dena od doma i sekna mlekoto(mozebi slucajnost no......