Девојки по грешка ми се истури сол од кутијата на земја и тоа знам дека е лош знак, дали верувате во ова? На некоја и се има случено? Многу сум загрижена
Ах се изначитав дека малери ќе ме следат и ќе се карам со некој, како несреќа за цела куќа, а посебно за мене
Ако беше така до сега војна ќе имаше дома или евентуално јас ќе го предизвикав конфликтот меѓу Русија и Украина
Не верувам, на маж ми му имам купувано часовник и тој на мене уште додека бевме во врска, па ништо не ни се случи еве во брак сме сега.
Јас првпат на фемина прочитав за ваква глупост пред некоја година. Знам некоја членка прашуваше дали на дечко и саат да му купи заради ова, се зачудив кој го измислил тоа. Глупости, не се верува во такви работи.
Демек кога ќе престанел да работи часовникот ќе престанала и врската (пријателска/љубовна-зависи на кого ќе подариш)