1. Навечер бе треба да се мети. 2. На празник, и во петок да не се шиело 3. Ако скршиш огледало 7 години несреќа 4. Не се седело на ќошот од масата, нема да си имала маж 5. Ташна на земја не смее да се остава, нема да си имала пари... Ии мноогу други, инаку вооптшо не верувам. Понекогаш ме нервира кога ќе ми викаат нешто да неправам, и тоа е .. Морам да ги слушам
Не седи на 2 стола за 2јца ќе се мажиш. Не пеј додека јадеш за циган ќе се мажиш. Додека се чешлаш не седи ако имаш брат. Нокти навечер не се сечат.
1.Оставање чанта на под (ќе ти отидат парите) 2.Бидејќи лилјаците се вампири (освен фактот што не се), влегување на ова митско суштество (освен фактот што тотално не е) во вашиот дом значи дека набрзо некој ќе умре. 3.Полевање цвеќе додека имаш менструација Еволуцијата не била фер кон припадничките кон понежниот пол. Не само што менструациите им пречат во секојдневието туку ги отежнуваат нивните хортикултурни обврски. Напротив општото мислење растенијата поседуваат одредено ниво на интелигенција (мозок =/= интелигенција, мозок = движење). Иако ова се нови откритија кои се' уште се само теории, нашите предци знаеле дека цвеќињата лошо реагираат на девојки во мензис. 4.Разговарање за време на јадење = брак со циганка 5.Не смееш да се бањаш ако починал некој комшија Наводно ќе ти пораснела мртва коска ако се обидеш да одржуваш лична хигиена додека комшијата ти се лади.Македонштина пар екселанс. Комшијата ти починал и се' уште успева да ти го направи животот пекол. Да разберам совет во стилот на:ама дека комшијата ќе предизвика физички промени во моето тело ако и само ако се бањам на денот кога тој починал е малку локо. 6.Ако те чеша раката ќе земаш/даваш пари Лева рака = ќе добиеш пари. Десна рака = ќе даваш пари.
Значи вака повикана сум на свадба семејството и јас во сабота , но во понеделник дедо ми прави 40 дена од смртта , баба ми вика да не одиме бидејки лошо било , па незнам што да правам?? Кажете ми нешто ако знаете?
. ..ако ти игра окото некој сака да го видиш.. ..ако одиш негде на пат или на испит да истуриш вода по него за се да помина како водата.. ...ако те боли глата или те печат очите измиј се со крстена вода ќе помини..... ....навечер не мокри под некое дрво,оти сенката ќе те прати за лошо... ..ако некој те гледа лошо,почекај се по задникот..нема да дојди до тебе... и мал милион плус вервања,ама некако шубе ми клаваат и си ги почитувам.. :geek: .
Сум слушнала една жена била трудна 9 месец и перела теписи. Кога се родило бебчето, се родило со двапати врзана папочна врвца околу врат, така да, постои верување дека бремена жена не смее да прескокнува црева или сл. Исто така, бремена жена не смее да зема ништо туѓо, без прашање, затоа што кога ќе се фати на првото место, ќе му остане белег на детето.. Пари, цвеќе и леб не се даваат после 17 часот, ако јадеш и рониш во кревет ќе имаш лоши сништа...
1.Ако скршиш огледало 7 години несреќа... 2.Лебот никогаш да не биде свртен наопаку... 3.Ноќе да не си се гледав во огледало...(а ако ми се оди ноќе во ВЦ, да не смеам да се погледнам?) 4.Никогаш да не подаруваш часовник на некого... 5.Ако некој има например едно око темно зелено, а другото да му е кафено тогаш значи дека човекот е ѓавол...wtf!? 6.Ако се наздравувате со повеќе луѓе и ако ви се прекрстат рацете значело дека ќе се жениш/мажиш!
1.Не се мете навечер-си ја бркаш среќата 2.Не се спие со нозете према исток-само умрените така ги закопуваат 3.Трошки леб не се собираат со голи раце-означува сиромаштија 4.На улица ако има фрлено некој партал,алиште или некаков материјал треба да го заобиколиш а не да го прерипуваш или газиш. 5.Ако најдеш пари на раскрсница не се зимаат. 6.Не треба да се чудиш на мало бебе/дете. 7.Не се дава риба на дете додека не прозбори. 8.Од 23 45 до 00 15 каде и да се наогаш остани на тоа место.во тоа време се прекршувал денот со ноќта и шетале вампири. 9.Мало дете не се прескокнува-нема да расте. 10.Лебот на маса не треба да стои превртен. 11.Во недела не се работи. Е доста е...ако ми текнат уште пак ке пишам
Ако пееш додека јадеш ќе се омажеш за циган Кога поминува болничка кола да не фанеш за црвено Да не си гледаш во сенката Некој се ставро без врска
Ако кинеш трева ќе врне Е ова секогаш ми го кажува баба ми дека секогаш кога ќе седнам во двор си кинам од тревата и ја дробам, и демек ќе заврнело не верувам во вакви работи
Баба ми ми велеше: Внуко кога ќе видиш црна мачка речи-пу пу пу да ти плукнам на лева нога... И мене тоа ми останало во глава ...еднаш поминуваме со една моја другарка по улица и ете ти црн мачор и јас не знам од каде ми текна и реков баш како што ми рече баба ми....и наеднаш на мачорот ми се тресеше левата шепа. Јас и другарка ми бевме вакви и таа ми рече М3а3c3a3 што му стори на мачето??? Продолживме по улицата,а мачорот стоеше на страна. Сеуште не можам да се изначудам
Хаха омг.. се изнасмејав читајќи Јас не верувам во бабини деветини, ми наликуваат на глупости. Некој "паметен" без работа ги измислил
Од тава ако јадеш ке ти врнело на свадба ( епа ако ја правиш во есен големи се шансите да ти кажам) Кога кажуваш некој лош сон пушти ја водата да тече па кажувај го. Така ке одел по водата и немало да се оствари
јас па знам дека ако гребиш од изгореното и го јадиш ќе ти врнело на свадбата...за братучедми ко се женеше му врнеше и постариве цело време викаја е јадеја гребено затоа сега му врни...
Мајка ми никогаш не јадела од тава па на свадбата не само дожд што врнало туку о по некое зрно градче ама тоа ти е. Сепак јас воопшто не верувам во тие работи
Прва бабина деветина што ја слушнав беше...На јадење ако зборуваш, ќе те мажат за циган..боже боже уште какви не глупости сум слушала ама ич неам верба
1. Ноќно време у огледало да не се гледаш. (Е ај бабо кажи ми како да излезам у град? неисчешлана? ненашминкана?) 2. Чантата на подот никако! После ништо нема да запомтуваш колку и да учиш. 3. Спиење со нозете накај исток не затоа што мртвите така спијат. (а сестра ми веќе 13 години си спие во таа положба) 4. Соновите никако да не се раскажуваат оти ќе се остварат. 5. Никогаш не се фали никому дека ќе одиш некаде. безвеза