Сите ние викаме не веруваме,не веруваме........и на крај се ова го применуваме. За чадорот,за црната мачка......... Еве на пример- Јас колку и да велам тоа се само бабини дебетини,некако се чустувам без врска ако не го направам тоа што треба според стариве. Сигурно овие работи не се кажани така без врска,има некоја поврзаност,но сигурно не со вампири и се останато.
Не се јади кога грми (појма немам зошто) И не се капи на празник а ако решиш да се капиш стави шајка во кадата Само на овие две ми текнува во моментов
и јас го имам ова слушнато во смисла дека на оној кому му подаруваш ,го одбројуваш времето.. вашата пријателска врска, на пример,... и може да се скарате, да се одалечите, или нешто во негативна конотација...
Бабини Деветини кои потекнуваат од Индија http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/35 ... -indija/3/ девојки значи се пресмеав.....
Не се шие на облека која ја носите, ако веќе морате, додека си зашивате копче на облечена блуза треба да држите нешто железно меѓу заби. Во спротивно има ризик дека ќе си го зашиете паметот Ако видете згазена жаба, треба да се фатите за прамен од косата и да речете пу пу пу да не ми окапе косата Не се остава да врие и клокоти врела вода, ќе има кавга во куќата, ставете чкорче или дрвце ако греете вода и ја оставите да врие.
Навечер да не се расцистува масата, да не се капиш во празник, да не ја оставаш ташната на земја ќе ти бегале парите навечер да не се гледаш на огледало и да не ја кратиш косата, кога ќе јадеш да не гребиш во садот кај и да си пред 12 дома да си и мн мн други
Најомилената на баба: Ако пееш додека јадеш ќе се омажиш/ожениш со ромско население (како што почнав да ги викам ѓупците од денес). Никогаш не и поверував на баба, а изгледа и таа не очекуваше да поверувам.
На зајди сонце да не се успивало дете бидејќи ќе се зајдувало кога ке плаче. На дете до година риба да не се давало да јаде, бидејќи се ќе молчело како риба. Овие ми се од скоро чуени, инаку многу, многу не верувам во вакви работи.
Кога се поздравуваат повеќемина луѓе се внимава да не им се вкрстат рацете затоа што ќе се скараат! Кога грми не смее да се проѕева затоа што Св.Илија заштитникот на громовите ќе ги втера ѓаволоте во уста на тој што се проѕева! Под бандера во облик на единица не се проаѓа бидејќи тоа донесува несреќа! Поп ако видиш на патот баксуз ден ќе имаш!Исто и црна мачка,па затоа треба да се плукне на патот и да се бега од него! Дома не се отвора чадор бидејќи тоа донесува несреќа! Скршено огледало донесува седум години несреќа! Девојките не јадат вапсани јајца на првиот ден на Велигден за да не им смрди душата! Ноќе во огледало не треба да се огледуваме! Ако девојката пее доцна ноќе кога ќе се омажи ќе плаче во зората! И веројатно има уште многу вакви бабини деветини!
Зошто кога ќе запрат стрелките, ќе запре пријателството/љубовта. (Пред некој ден пресметувавме со другарките кој кому, кога подарил часовник и резултатот беше дека баш сите сме раскрстиле со тие луѓе на кои сме подарили или ни подариле.... Јас досега од тројца имам добиено сат, а на двајца имам подарено и навистина по сплет на околности раскрстив со сите петмина )
Јебо вас кои кажувате така. Јас сум најсреќната личност во светов само поради мојата мачка. Видете колку е страшен ѕверов! Ќе ве изеде!!!
Кога ќе помине црна мачка треба да почекаш да помине некој друг; Не седнувај на ќош од маса-нема да се ожениш/омажиш; Ако ти се истури сол, треба да фрлиш трипати по малку од секое рамо; Да не се јадат трошки-сиромаштија; Јас само овие ги знам
Да не се гледаш навечер на огледало побрзо ке остареш. Да не расчистуваш маса навечер. Да не се бањаш на празник. и така натака