На татко ми еден пријател често доаѓа кај нас, и знам дека ако се заседнат никогаш не си оди дома од 23:55, до 00:15 затоа што тогаш имало самовили и несмеело да се мрда од место, и стално се смеам кога треба да си оди и ако треба или рано иде или чека да помине исто така имам слушано дека ако јадеш околу полноќ и ако завршиш со јадење после 00 не чинело да се собира масата, трошките и се што е под маса паднато исто од самовили ама за второво не разбрав зашто
Не верувам, ама не се осеќам сигурно ако не го направам тоа. Сигурно има нешто, зошто сигурно не збореле глупости. Ги знам класичните неколку: 1.Ако видиш мртво животно да се фатиш за коса. (Ова кај мене во фамилија секој го применува и татко, мајка, баба, дедо...) Спојлер 2.Во период од полноќ (00:00) до 3:00 да не се се гледаш во огледало. 3.Од 00:00 до 00:15 да не се шеташ и да останеш на местото каде што си, зошто во тој период се шетал ѓаволот и лошите духови и им го отвараш патот. 4.Да не се мете ноќе. 5.Ако скршиш огледало 7 години несреќа. Ако и петок 13-ти го сметате за бабина деветина, да ви кажам дека и во тоа не верувам, ама гледам на тој ден да не патувам некаде и слични работи.
Kaylie тоа ли била работата, јас па сега гледам Инаку разбрав дека тоа со самовилите било само за мажи...Пошто зимале мажи тоа време и воделе љубов не да нема логика ама ај Што значи ако веќе е така поверојатно е тоа со ѓаволите Инаку не требало под стреа да се седи од таму ги собирале.
За бабиниве деветини со баба ми многу се карам. Едноставно не верувам и кога ќе почне да ме убедува живци кинам. Последно се каравме за тоа да не прескокнувам мало дете. И и викам: Бабо нема да порасне ако го нема хормонот за раст, а не дека сум го прескокнала јас... Иначе стално истура вода по мене кога одам да полагам. И ми вика: Не се врти назад, само напред оди. Други кои ми текнаа во моментов: Да не пиеш од ѓезве, сиромашен ќе бидеш. Да не прескокнуваш мало дете или да не се протнува низ нозе, немало да порасне. Да не седиш на ќош, нема да се омажиш. Да не се сечат нокти навечер (а не знам зошто).
Тоа за ноктите значело дека вампир ќе станеш Инаку кога ми кажаа дека во 00 самовилите доаѓале за љубов зајдов од смеа. Ќе те опседнеле и ќе те смувале!!!!
Да не седиш на ќошот од масата-немало да се омажиш. Да не фрлаш ѓубре касно навечер. Да не ги збираш трошките од масата со гола рака,ќе бидеш сиромашен. Други не ми текнуваат .
а јас имам слушнато дека ако пиеш вода од ѓезве од прeдната страна богат ќе бидеш.....секој различно си толкува...
1.Не зборувај додека јадеш-ќе земеш циган 2.Ако во тоќно 12 часот по полноќ пречекориш праг ќе ти се појавеле лоши самовили 3.Ако гребеш со вилушката во тавата на изгореното додека јадеш ќе ти врне дожд на свадбата 4.Не се тегни после јадење, јадењето му го предаваш на Ѓаволот. 5.Не отварај чадор во затворена просторија – носи несреќа. 6.Ако видиш црна мачка и ти помине преку пат-врати се три чекори назад 7.Ако скршиш огледало те следи 7-години несреќа(можеби затоа брат ми кога скрши огледало на 7 години од 2-ро и сега е прва година му се сите двојки и тројки ) 8.АКо те чеша лева рака-ќе добиеш пари 9.Ако те чеша десна рака-ќе даваш пари 10.Ако те чеша носот-ќе се караш со некој 11.Од 11:55 до 00:15 кај и да си остани си таму,зошто шетале духови,ѓаволи и вампири 12.Не се гледај на полноќ во огледало,ќе ти се појавела Блоди Мери(демек) 13.Не се враќај назад-му го отвараш патот на Ѓаволот,а на Господ му го затвораш 14.Ако свириш на полноќ ги повикуваш вампирите. 15.Не ја оставајте чантата на под 16.Носење непарен број работи за поклон 17.На празниците не смееш да се бањаш,ќе се удавиш(за ова имам доказ,ми кажуваше мајка ми порано кога сум била мала на ТВ кажале дека на нз заборавив кој празник, се бањал некој на базент и почнал да се дави во плитко,се обидел да излезе како нешто да го заковало и одел се во подлабокото,како некој да го терал и додека да дојдат спасувачите отишол човекот ) 18.Не шетај покрај вода навечер 19.Ако видиш умрено пиле/животно фати се за коса за да не ти падне Ова се 5% од Бабините Деветините што ги знам..нареден Пат и други
1.Кога оди некој на пат се превртува камче, за лошото да стоело под каменот 2.Исто така кога оди некој на пат што ти бил на гости или ти е од куќата, да не метиш по неговото заминување од дома се додека не помине еден мост 3.Не се облекува невестински фустан пред да бидеш невеста 5.Не се моча под стреа 6.Не се моча под дрво Толку ми текнуваат, познати ми се скоро сите што се спомнати во темава, а знам и уште пошто имам Баба со деветини на кубен
И јас во оваа верувам. Многу пати црна мачка ми го има пресечено патот, па досега ништо не ми се случило. Па на крај, што е големата разлика помеѓу бела и црна мача?
хаха и јас..имав бела мачка демек нешто поразлично беше..Еве тетками има црни мачки паа ништо се нема случено..и сто пати мачка ми го има пресечено патот додека одам на училиште па петки добивам ..си ги сакам црните мачиња
Јас ноќе скоро секогаш сечам нокти па фала богу не сум вампир...А за она со подарување на часовник како поклон ВИСТИНА Е!!!!! Една баба и едни роднини за матурата ми дадоја часовник и престанаја да работат после неколку дена се испокаравме со нив и сега немаме муабет....Колку и да се противиме за овие бабини деветини некој од нив се точни...Една жена ко си одев дома ми го пресече патот и кога ојдов дома си го пресеков прстот со нож..што мене тоа никогаш не ми се случило... И денес отворив дома чадор пошто врнеше и ко се вратив дома дознав ужасни работи за баба и сега утре сме на снимање Можда се така се погодило но јас мислам дека има вистина во овие бабини деветини како што ги викате
Женски дали некоја од вас слушнала за тоа дека деца родени во ист ден а различна година, треба некако да се раздвојат и дека тој што прв ќе прави свадба од децата, братот/сестрата не смее да присуствува директно на чинот, се мисли на самото венчавање во црква/матично? Јас слушнав и таква работа пред некој ден, комшиска дешавка тако звана проблем... Некој им кажал, ама не знаат што треба да направат... Ако е некој подобро информиран, пишете па да пренесам. Фала ви
Тоа што го слушнале се бабини деветини. Не знам како може да веруваат во такви работи. Татко ми и тетка ми се родени на ист ден, а различна година, па кога тетка ми се венчавала присуствувал татко ми, и обратно. Не знам кој ја измислил таа глупост дека родени во ист ден, а различна година, не треба да прсуствуваат на венчавањето. До кога луѓето ќе се замараат со бабини деветини?