Ако пееш додека јадеш ќе земеш циган Ако ставиш часовник (рачен) на левата рака тешко дека ќе се омажиш/ожениш Ако се тегниш додека јадеш духот ќе ти го земел јадењето Да не се тресат чаршави навечер и мн други.
Ако додека јадеш мењаш столчиња ќе си го сменела мажот ! Ахахахахахаха ја значи милион мажи ќе сменам
Кога миеш садови ако ја намокриш облеката(од доле па нагоре) маж ти ќе биде пијаница. ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ бре сите пијаници ми се погодија ама не колку мене. Ако забите единиците имаат расцеп, богат ќе бидееш. зеам сеа желевце пикам во менгеме и ширам ќецои колку можам
Не гледај се во огледало навечер,ѓавол ќе бидеш Кога се мати со лажицата не лижи ја,ќе ти се мати умот Не сечи нокти навечер Не си играј со запалка,ќе се помочаш во кревет И уште мнгоуу други(сите од баба ми се)
Да не заслушаш бабини деветини, крај им нема. Знаат некогаш да бидат досадни стариве: немој ова, немој она. Се обидувам да не сум суеверна.
Вистина на Илинден помешав со тоа дека до Петровден да се внимава при влегување во вода односно езеро, така сум слушнала.
Мене маж ми, тогаш дечко, ушпте на почеток на врската ми подари саат, и уште икс од тогаш па во врска и брак заедно сме над 14 години. Значи да чекам разлаз според бабиниве деветини глупости живи.
Ако икаш-некој те зборува Ако кажеш нешто грешно додека зборуваш-ќе ти дојдат гости Ако те чеша левата нога-ќе одиш на пат Облечи ги гаќите наопаку за да не те урочат
Мајката и бебето ме смеат да излегуваат надвор во темница до 40 дена. Бебе не смее да се дава преку маса (од рацете на еден човек да се подаде во рацете на дрг човек). Мали деца не смеат да чепкаат огин преку ден, зошто вечерта ке се помочаат во гаќи (ова ми се има случено кога бев мала). Нокти не се сечат навечер (штотуку ги исеков). Чаршаф не смее да се тресе навечер. Глупости, глупости, глупости. Старите порано немале друга работа, па смислувале глупости и си верувале во тоа.