не било убаво навечер да се гледаш во огледало, кога ќе се пораѓаш не и кажувај на мајка ти за полесно и бла бла бла
Погрешно го имаш разбрано второто.Чантата на под не се оставала дека ќе немаш пари и колку повисоко стои толку повеќе ќе имаш.
Не го оставај последниот залак, тоа ти е среќата. Не чини да крпиш навечер. Не се фаќаат навечер алишта од жица и не се спружуваат оти на самовилите им го реметиш мирот. Ако видиш пајак дома значи пари ќе имаш. Ако те чеша лева рака ќе земаш пари ако е десна ќе даваш пари или обратно, не знам, битно разбирате на што мислам. Ако ти зујат ушите некој те оговара. Ако ти падне некој предмет во моментот те мисли некој на таа буква на која почнува името на предметот (пример ако ти падне Ракавица те мисли некој на Р). Ако ти падне книгата ќе го положиш испитот. Не верувам во ништо од тоа.
Ако ти трепка левото око ќе плачеш Ако сонуваш нешто и ако сонот го кажеш пред 12 на пладне ќе се остварел Доилка не смее да рече ,,довидување или пријатно,, млекото ќе и секне Ако ти се црвени ушите, некој те озборува
Не шетај на полноќ тогаш мртовците стануваат и шетаат Ако беше така име не ќе ми останеше до сега без везе
Да не поминувам дур сум трудна преку кабел/гајтан оти детето ќе ми имало рецки по вратот. Ако не у пештера да се вратиме на газиена ламба.
15 минути пред и после полноќ не требало да бидеш надвор. Ако црна мачка ти го претече патот, нешто неубаво ќе ти се случи. Ако ти црвенеат ушите, некој те зборува. Нокти не се сечело навечер. И уште многу други глупости. Не верувам во вакви без везални работи.
Една моја тетка на овој коментар вака велеше..... како да не мртовци, како што сега швалерајот е јавна тајна и јавно си излегуваат на кафе, тогаш во наше време бидејќи немаше улично осветлување тие швалерите и швалерките изгледаа како сенки кои се прикријуваат пред зад куќа за никој да не ги види .... не се тоа злато мое мртвоци, тоа беа швалерите ....шетај си и не плаши се )) уште ми е смешен коментаров нејзин и толку вистинит )
*Ако те чеша левата рака ќе добиеш пари а ако те чеша десната ќе дадеш. *Доколку ти се црвени ушите некој те озборува. *Ако броиш ѕвезди ќе добиеш сипаници. *Ако црна мачка ти го пресече патот ќе имаш несреќа. *Да не се седи на ќошот на масата нема да се мажиш/жениш *Исто баба ми ми има речено доколку најдам падната пара на земја да не ја земам некој може фрлил клетва на неа. *Доколку те чеша носот ќе се скараш со некој. волку памтам
Јас па сум слушнала дека ако ти падне книга ке паднеш на испит А за бањањето на празници исто као мртва коска ке ти израсне и исто после 12 ако се бањаш а ако ептен си морал да се избањаш чешел да си ставел во вода. Мене мајка ми стално ме опоменува кога ке се бањам покасно. Бог да чува свашта ....