Не знам дали е вистинското место за мое прашање,ама еве да прашам ако знае некој.Што значи кога под златен прстен кожата потемнува абе буквално модро е местото,го префрлив на другата рака веднаш и таму почна да помодрува.се миев не излегува,негде одамна читав дека езнак на негативна енергија,но доколку некој слушнал нешто друго нека повели да каже.
Vrv na babini devetini da mu stavis metla na bebe pod krevetce drustvo da mu pravi.znaci sto se nema da se izmisli.
Верувам дека не е чисто златото ,зашто ако е чисто ке биде многу мек прстенот,(имам чисто злато обетки кои се премногу меки со раце се виткаат,)но зошто по 25год.носење потемнува под него,, иако прстенот свети нема сменето ни боја,нит е потемнет....сеа марко разлистав по нет дека можело да е знак на промени во организмот,од стрес или болест(иначе периодов ми е премногу стресен)
Дали имаш променето сапун за раце или крема за раце. Многу често некои состојки кои ги има во кремите (мислам дека на база на цинк-оксид, ама не ме фаќај за збор) , знаат да дадат такви реакции со злато. Знам во средно кога бевме, тоа беше хит, со златен прстен да поминеш околу лицето, и ако остави црна трага прстено по линијата каде се движел- значело дека си урочен. Професорот по хемија тогаш ни даде едно многу убаво и логичко објаснување, баш со кремите за лица и мислам дека состојката беше цинк. Баш провери
читав и на интернет а и самата увидов дека е поврзано со здравјето,имено кога во организмот се случуваат промени,стрес,паднат имунитет заболување,се лачат хемиски состојки кои во контакт со златото оксидираат и даваат потемнуванје,i na internet a и кај мене беше поврзано со стрес,слаба крв,паднат имунитет ,и така беше дур не се средив здравствено и еве сеуште го носам прстенот и веке нема црни траги под него....а коа сум под стрес привремено знаат пајк да се појават но исчезнуваат...а креми нит сапуни ,купки не сум променила...не е до нив поздрав и секое добро добро Espadrila П.С. Со цинк оксид работам секојдневно повеке од десет години ...но сум со нараквици најчесто ,но некогаш и без нив ...но не е од него...
На мајка ми и велеле немој да седиш на ќошот од масата, ќе ти врне на свадба. На свадбата пукало од жештина.
Ете ја вистинската тема ... Уз пат еве уште некоја бабина деветина : -Во точно 0:00 на полноќ да не проаѓате на раскрсница оти несреќа било . -Во точно 0:00 на полноќ не се бања и во огледало не се гледа бидејќи ѓаволот ќе се предизвикал и кошмари ќе ве мачат .. -На Духовден алишта не се оставаат надвор спружени бидејќи духови се лепеле на нив ... -На бебе алишта до годинка алишта под стреа не се спружаат ... -На бебе до годинка строго алиштата се спружаат на лице и исправени , никако наопаку или виснати надоле ... -Со добиено не се иде кај бебе до 40 денови оти ќе било цело исфрлено со црвенила и ситни брунчиња ... Некни и јас ова го чув за свое дете кое ми беше исфрлено од глава до пети буквално како опекотини имаше , го печеа и чешаа , а температура немаше воопшто , па ми кажаа нели сезнајковци на секој чекор има и почнаа некои да бегаат од нас дека бебето ми било со ситни сипаници (што фала му на Бога нема врска тоа) , некои па рекоа : - ' Лелеее Снеже дај носи детето на бајачка што се правиш и ти од модерните мајки сега детето ти се исфрлило што прибираше комшии и шеташе дете низ град' ....---... Инаку бебето му ставав Нистатин за габички во устата и грлото па ооекотините беа последица на алергиска реакција од Нистатинот па си прими инекција бебето мое и за време од 1 час повеќе немаше никакво црвенило и печење ...
Трудна жена ако украде/скине од дрво нешто кај што ќе се фати белег ќе има детето, јас стварно имам еден огромен на цицка а братучедка ми на газот
^Викаат нели некои е вистина некои дека не е , ама јас од радозналост и с'трв што на пазар не најдов никаде смокви , а во комшии пуно дрво смокви па со второто кога бев бремена крадев смокви од туѓ двор преку ограда се пентерев , се фатив за глава (кај што има коса као демек тамо ќе имало белег и од косата нема да се гледа ) и бебе се роди фала му на Бога живо и здраво без никаков белег , а еве мајками со мене кога била трудна стрвувала за гројзе и за нога се штипнала па сега имам грозд онака не многу воочлив , исто и другарка стрвуваше за копани и бебето и се роди со апла копан на глуждот од стапалото ... Да не знае човек веќе во што да верува Ама вака гледано навистина мислам дека има некои работи останато од времето на нашите предци што навистина имаат врска и значење , а има и такви кои благе везе немаат .
Знам имаше еден ден мислам дека сега околу е. Ми се чини на 21 Јануари е. Тој дел ден не јадеш ништо а после навечер ставаш огледало и уште нешто таму под перница и ќе го сонуваш оној за кого ќе се омажиш. Дали знаете кој ден е ова? 21 ли е? Не сум далеку суеверна но сепак љубопитна сум да пробам ова.