За ова со огледалово, првпат слушам, јас знам за вечерта према Тодорова сабота. Се зимало жито од Црква, се месело петолебје, и као на сон ти доаѓал тој со кој што ќе се омажиш. Јас секоја година, ај ќе пробам, да видам кого ќе сонувам, и заборавам. Пред две години бев амам житото се потрошило - доцна сум отишла по жито.
Најново нешто,што слушнав!!! Млада девојка немажена,не требало сама да си купува прстен (билокаков) зошто немало никогаш да биде запросена !!!!!!
Како што поминува време ама ич не верувам во вакви глупости .Кога ќе ми текне за свадби и новороденчиња што се не се изнаслушав
Кога сечеш нокти стај си ги у појасо на панталоните, да имаш камења на другио свет. Кога ќе одеш некаде допри си го половио орган и допри се на челото, тоа штите од уроци. ( баба ми од такси ме извика да излезам за ова да го направам коа одев на кафе со другарките) Лебот на маса мора со долната страна на маса да стое,а засечената страна накај некој што јаде( не знам објаснение) Кога се јаде вратата да е затворена ,да не зјае за да не зјаат по тој што јаде (никој да не му се дере) Пази се од Власи најсилни магии праат( се омажив за вла) Не јади загорено ќе ти врне на свадбата На облачно време само лошотии се сонуваат да не се верува. На гроб не се става ни најмало каменче да не му е тешко на покојнико а полна тепција најголем бр. се става тоа нема да му е тешко Глупости
Имам слушнато нешто како ако ти падне пајак над тебе значи нешто ама ич не ми текнува што значи…. Знае некој? Преѓеска како што седев ми падна мало црно пајаче со пајажината дирекно над мене…
Среќа демек беше нели. Ама за бел пајак да не беше тоа. Ич не се разбирам у вакви работи. Шала на страна од една книга ми искочи еднаш бел пајак кога учев некој ден пред полагање испит и ми викаа среќа било, ќе сум положела. Стварно положив ама и одма земав да зачистам, фобија имам од пајаци.
Кај нас било да не си ја оставаш среќата.. Абе ако не го смислиле тоа за да ги натераат децата да изедат се или за да не фрлаат храна, еве на!
Ја сум била многу слаба како мала и со сила ме терале да јадам. Веројатно било кај мене се да изедам. Дури ми правеле авиончиња за да јадам. Сега сонувам храна. Ама океј од оправдани причини сега.
Јас верувам дека жените порано сами си смилсувале работи за да можат да одморат, зошто со толку многу работа и деца дома, па и на поле, тешко одмор. Од многу верувања, повеќето такви се и така останало. Прочитав и едно мислење за да се вратиш дома под стреа, мене еднаш ми рече тетка ми и стреата е непријател, во смисла што и да се случува, тој што секогаш ти мисли добро е дома, како семејството никој не е. И во право се. Некои работи така останале. Со денешниот начин на живот, кој како сака така нека прави.
Верувате ли во верувањата на празниците пример за вчера читав дека не треба да се преспие денот не треба да се плачи и да се оди во кафеана оти ќе ти премини во навика...