1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бабите и дедовците да бидат платени за чување на внуците

Дискусија во 'Дете' започната од DarkStormm, 7 август 2022.

?

Дали сметате дека бабите, дедовците и другите роднини треба да бидат платени за чување на внуците?

  1. Да

    15 глас(а)
    12,2%
  2. Не

    70 глас(а)
    56,9%
  3. Зависи колку често се ангажирани

    38 глас(а)
    30,9%
  1. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    4.871
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од она што го читам во странски групи и на портали, решив да ја отвориме темата и да си споделиме мислења и ставови.

    Во некои групи за мајки од Америка читав постови каде што на родителите им биле побарани пари за чување на децата од страна на баби и дедовци. Родителите, најчесто мајки, прашуваат и бараат мислење дали е тоа во ред. Во коментари имаше спротивставени ставови.
    Некои велеа дека не е потребно да ги плаќаме за тоа што поминуваат време со внуци.
    Други рекоа дека на некој начин бабите и дедовците им прават услуга на родителите за да им ги чуваат децата додека се на работа, па оттука тие си го скратуваат слободното време во старост кога би можеле да прошетаат или одморат. Според тоа што читав градинките се премногу скапи, стотици долари неделно, а дадилките наплаќаат од 18 до 30 долари од час поминат со дете. Ако се повеќе од 1 дете, а најчесто се, тогаш цената оди уште нагоре. Дадилки ангажираат за date night најчесто и ги оставаат децата по неколку часа навечер. Патем дадилката навечер нема некоја обврска околу децата, тие спијат, таа само ги надгледува, а парите ги добива за своето време. Па поради тоа и толку дебати се отворија за тоа дали и баби и дедовци треба да бидат платени за своето време или не.

    Јасно ми е дека сме далеку од Америка и дека нашите родители, свекрви и свекори до последен ден работат и на крај пак земаат мали пензии, па немаат можности да патуваат или уживаат, но од друга страна можеби едноставно сакаат да одморат или да имаат време за себе.

    Мене синот ми го чува свекрвата, сестра ми и понекогаш мојата баба. Никогаш ми немаат побарано пари или било што. Сестра ми ја наградувам со по некој поскап подарок во знак на благодарност и одвреме на време и купувам по некоја ситница. На баба ми не и земам пари за лекови или некогаш и пазарувам нешто за дома. Исто и со свекрвата, компензираме, купивме сушара, ја ставивме долу кај неа да ја користи. Кога одиме на шопинг купуваме и за нејзе некое парче облека, некои кујнски додатоци, кога како. Но зборот ми е дека никој ништо не побарал. Ние сами некогаш се чувствуваме должни со сопругот па ете некако да надоместиме.
    Е сега свекрвата знае да пререче дали имаме во план да го пратиме на градинка, малку да се социјализира, да се научи на ред. Не го зимам за зло бидејќи во право е, и таа сака да одмори некој ден. Не сака директно да ми каже дека ѝ е тешко по цел ден со син ми. Верувам дека ѝ е тешко затоа што јас едвај се снаоѓам, а таа е многу постара од мене.

    Во муабет со другарка, она има па тотално различен случај. Многу добро работно место има, и две премногу темпераментни деца. До пред една година и ги чуваа свекрвата и нејзината мајка. Меѓутоа жените се изморуваа, децата премногу често се разболуваа, воопшто не беа дисциплинирани. Другарка ми им рекла: "Напнавте и двете со желбите за внуци, сега гледајте ги." Меѓутоа на крај најдоа заедничко решение. Децата ги испратија во приватна градинка, а другарка ми плаќа само 1 третина од износот, другите пари ги надоместуваат бабите на децата, бидејќи според мојата другарка бабите се должни да ги чуваат, а ако сакаат да се слободни и без обврски со деца до 16 часот ќе си го платат тоа слободно време. Мене ми беше малку чудно, ама другарка ми вели тоа е дури и мала цена за нивното слободно време затоа што цената на градинката поделена на 3 дела секој месец е разумна сума.

    Па да слушнам ваши размислувања. Дали сметате дека бабите и дедовците треба да добиваат некаков надоместок за чување на внуците ?
    Дали тоа го гледате како услуга ? Дали го гледате како нивна обврска?
    Дали можеби на тоа гледате како поминување време со внуци ?

    Да напоменам не мислам само на паричен надоместок. Може тоа да биде подароци, носење на ручеци/вечери, да им платите патување, или олеснување во домот (да им ги плаќате сметките, да се погрижите за нивни обврски, да им ставате гориво, да испазарите за нив итн.)

    Јас пример не би се сложила да им плаќам во кеш за чување на детето, затоа што подобар избор би ми била приватна градинка ако сум спремна веќе да дадам толку пари. Но не би ми било проблем да искажам благодарност со подароци, да направам ручек, да испазарам, да купам нешто за дома, и сл. Бидејќи сепак се од голема помош сите.
     
    На MilaSs12, senjorita-v и Осе им се допаѓа ова.
  2. Autumn Love

    Autumn Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    4.776
    Мое дете е обавеза само на мене и на татко му.
    Да и речам на мајка ми дека ќе ја плаќам за детево да ми го чува ќе ме направи мрдната.
    А дека јас ќе и побарам нејзе пари за во приватна градинка да го пуштам пошто она нејќе да го чува, како прво никад не би ми текнало на ваков бисер и второ секако дека не, бидејќи - првата реченица.

    Иначе имам сретнато пример кај што родители плаќаа на бабата да го чува внучето, ама таа напушти работа за истото, па као до пензија да и плаќаат.
    За вака што знам, легитимно е бидејќи жената треба од нешто да живее, иако ја пре би пуштила дете во градинка.
    Ама ако често се разболува подобро баба му да го чува отколку рандом жена.
     
    На spacegirl92, VDT2906, RinaKa и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    2.953
    Јас сметам дека бабите и дедовците воопшто не се должни да ни чуваат деца, одлуката за имање деца е лично наша и нормално пред да имаме деца треба да ни биде искалкулирано, дали имаме можност, услови и време за одгледување на дете, без баби, дедовци и роднини да бидат ставени на било кој начин во таа калкулација. Сите имаат свои животи, свои обврски и сметам дека, никако, ама баш никако не е во ред, здраво за готово да ги земаме нив и да им ја тупнеме таа обврска, како да е нешто скроз нормално.

    Ако веќе се одлучи на таков чекор, од какви и да било причини, секако со целосна согласност од бабите и дедовците, сметам дека треба да им се компензира. Дали како пари, како поклони, помош по дома, небитно, ама нормално е дека треба да се плати нивното време.

    Коментарот од другарката - "напнавте и двете со желбите за внуци, сега гледајте ги", најискрено се надевам дека не е баш така кажан, дури и под претпоставка дека е извртен е толку многу погрешен, што навистина не би сакала да го коментирам. Ако е навистина така кажан и постојат такви луѓе, јас стварно живеам во некој паралелен Универзум :x

    Е сега моето лично искуство, малото ми е 16 месеци, имав помош од мајка 2 недели, кога се вратив на работа, а малото почна во градинка и ни требаше помош околу адаптацијата. Иако се противеше и ги плативме авионските карти во двата правци, на крај како благодарност и поклонив симболичен подарок. Кога и го поклонив, се изнаплака, викајќи дека не сака ништо, за неа времето поминато со него нема цена, ама јас навистина сакав да има спомен од тие 2 недели поминати со него. За поддршката, спокојот, мирот што ми го даде, додека беше тука грижејќи се за моето дете, додека јас се адаптирав назад на работа, никогаш нема да можам да и се оддолжам, но, тие две недели беа доволно за нас и за неа, нашето дете е обврска моја и на маж ми и освен некои навистина неизбежни ситуации, навистина не оправдувам да се зимаат здраво за готово баби, дедовци, роднини и да мислиме дека тоа им е работа и тоа е нормално децата да ни ги чуваат.
     
    На Didajo, spacegirl92, MilaSs12 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    4.871
    Пол:
    Женски
    Епа така ми беше мене кажано. Реков и јас се зачудив. Според неа друга опција немало. Децата постојано болни во градинка, она не можела да отсуствува или да напушта работа, па бабите биле задолжени за децата. Таа им рекла: "се познавате, ви праќам секој месец распоред од работа, организирајте се која кога ќе чува". Она дури се лутеше и после работа што не може да легне да поспие, одма децата морала да ги презема.

    Кога тргнав на работа детето го запишав во градинка. Во државна, знаете какви се условите. Многу се мачевме и ние и малиот. Постојано болен, постојано отсуствував од работа. Приватна градинка е премногу скапо, само во краен случај би ја избрала таа опција. Тогаш се понудија бабите и сестра ми да го чуваат додека зајакне. Но не ги земам здраво за готово. Постојано прашувам, ако можат да го чуваат, ако не наоѓам друг начин. И јас не мислам дека имаат обврска да ни ги чуваат и воспитуваат децата. Како можеме ладнокрвно да плаќаме вртоглави суми за градинка можеме и на баби и роднини една благодарност да искажеме.
     
    На MilaSs12, senjorita-v, Oneo и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    2.378
    Бабите не се должни да ги чуваат децата, и тоа не треба да им се наметнува. Но, сепак се фамилија, и обично сакаат да се најдат и да помогнат. Ова со плаќањево ми е без врска. Дали со тоа што се “платени” ќе имаат однос со детето дадилка-дете, или баба-дете? Дали ќе можам да забранам гледање на турски серии, пиење кафе со комшиката, ќе има обврска да го изнесе 2 пати дневно, и да го храни од менито што јас ќе го спремам?
    Не сум мажена, ама сум сигурна дека ни мајка ми ни свекрвата не би ми барале пари за да го чуваат. Од друга страна, моето дете е моја обврска, и никогаш нема да ја наметнам таа обврска на бабите. Значи, исклучиво и само ако сакаат и можат. Ако не можат, има дадилки, градинки етц.
    Фамилија сме, семејство, ако не си помагаме меѓусебно каде ни е крајот.. Секако, од мене ќе имаат помош без разлика дали ми го чувале детето или не. Ќе остарат и они, ќе треба да се оди по лекари, аптеки, зарем да ме плаќаат да трчкам по доктори?
     
    На Didajo, Ljubica87, MilaSs12 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.639
    Пол:
    Женски
    Ние сме размислувале на опција ако ја натераме мајка ми да оди порано во пензија да и даваме нешто пари, или стрина ми. Ама откако го примија во градинка не ни размислувам за друга опција. Се разболува, се мачиме, земаме боледување ама така раснат повеќето деца.
    Доколку се најдам во ситуација да мора некогаш да го причува мајка ми, што кажа членката нешто би подарила.
     
    На MilaSs12, Осе и DarkStormm им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Поарно ич да не ги чуваат, ексик нека е, ако е со фискална.
    Им поминало времето за чување деца, за трчање ваму таму, треба одмор.
    Што е следно, плаќање кирија на свекорот и свекрвата? Додуша има ваква ситуација кај една странска колешка, јас ѝ се чудам искрено.
    Во општество кадешто старечки дом е табу и симбол на неодговорност на чедото, ни ова не ми штима да има. Кога нега е нега и времето е пари нели... За сите важи... Или за никого не важи.

    Демоде сум бе, години. :D
     
    На senjorita-v, Srckata28, minne992 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    31.138
    Пол:
    Женски
    Јас познавам еден пар кој доста добро заработуваат и наместо да ангажираат некоја дадилка за чување на нивните деца тоа го прави мајката на жената. За возврат добива парична надомест. Инаку таа и порано за пари има чувано деца па сега наместо да работи за други луѓе си работи кај ќерката и зетот. Разбирливо е, мора жената да оствари приходи и мислам дека е сосема оправдано во ситуацијава. Така се имаат договорено и им одговара на двете страни. Да е поинаква ситуација мислам дека скоро ниту една баба или дедо кои би излегле во пресрет за помош не би побарале пари. Затоа и не е коректно родител кој е одговорен за своите деца постојано да очекува баби и дедовци по цели денови да му ги чуваат и растат децата. Едно е да го причуваат само некогаш кога има навистина потреба а друго е да им го одземаат целото слободно време.
     
    На Избришан профил 156253, minne992, Oneo и 7 други им се допаѓа ова.
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.075
    Пол:
    Женски
    Ова е исто што и чување на свекор/свекрва/мајка/татко кога ќе паднат тешко болни да им даваат пари на младите за да ги гледаат
     
    На Cosmic Girl, senjorita-v, Sindell и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Јас се раководам според она, јас сум решила да имам дете, јас сум му должна цел живот и цел живот ќе живеам за неговите потреби. Тоа дете не барало да биде родено. И ќе бидам тука на старост да помагам. Компензација за мое дете и внуче не би барала.
    Не очекувам ни бабите и дедовците на моето дете да се надеваат на паричен надоместок. Да помогнам, да купам поклон во знак на благодарност, да. Финансии е срамота да се бараат и дадат. Фамилија сме или биро за вработување.
     
    На mssuniquee, Lalalupsi, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.245
    Сакаа да ја чуваат - ја чуваа.
    Ако побараа пари, ќе им платевме.

    Мислам дека зависи од тоа како одредена фамилија ќе се договори.
     
    На Didajo, senjorita-v, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.583
    Пол:
    Женски
    Ние како родители сме одговорни за нашите деца и да нашите деца не бараа сами да се родат. Но невозможно е со една плата да им се обезбеди се што треба посебно не во денешно време кога од најмали нозе се/ги прегледуваат.
    Е сега да платам да , ама како што пиша @Directioner005 што ќе кажам да е закон.
    Дадилка или рандом жена па може ќе оди се по редослед како ќе кажам јас ама дали ќе има трпение како јас (или било која мајка ) иако којзнае и баба и дали има ...ниту пак градинка е сигурна , ни мене ми јавија , девојчето со осип седело цел ден , а познавам и неколку случаи кај што не им јавиле на родителите за повреда. Од кои едната заврши со трајни последици...

    За компензација со одмор размислував ама мм ме спречи , жената два денари не дава дома. Вика мм не само што не заслужува да и платиш туку и обврска и е да ја чува спрема тоа колку учествува во расходи низ домот. Кој ме читал во снаи и свекрви знае тоа чување колку ме чини , ама еве ја праќам во градинка два дена оди третиот е болна , боледувања секоја недела не можам да земам...


    Кога би ја извадила од работа за да чува дете , да би плаќала и тоа целосно платата што ја земала. Иако сметам дека во тој случај подобро јас да напушатам отколку баба.
     
    На MilaSs12, cresa-jagoda, Alexandrite и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    Јас и татко сами си чуваме дете. Досега не се десило дете да биде без мое или татково присуство. И мислам дека не треба баби и дедовци да чуваат деца поготово ако се 60+ . А за плаќање ми нема смисла ќе го чуваат од љубов.
     
    На spacegirl92, lovely91, Milkiway и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    Во многу случаеви син/ќерка/снаа/зет пензиите зимаат
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.075
    Пол:
    Женски
    Во право си, ги земаат пензиите што значи и за чување на мало дете треба и нив да им се плаќа
     
    Последна измена: 7 август 2022
  16. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Јас сега постојано го правам тоа не па како компензација за тупосување деца, да тупостување убаво е напишано бидејќи сметам дека децата си се одговорност на мајката и таткото, на родителите пред се.

    Ако бабата и дедото сакаат да излезат во пресрет, на пример како што спомна за навечер чување на маливе ако младите се излезени или по свадби нешто во тој стил тогаш е и те како добра услуга, ама доброволно обезбедена. Е сега ако е држ не дај мора вие да ни ги чувате, а стариве може рано си легнуваат, а вака цела ноќ врзана им е око да не склопат па зарем не е греота да не добијат била каква надокната или ценење на трудот, потврда за направената услуга.

    Си прашала за обврска на баба и дедо ова, каква обврска? Јас се запрепастив кога прочитав за моделот на другарка ти и особено ми падна во очи кога си пишала убава работа има добро платена, ама чека дел од мајка и и свекрва и за подмирување на градинката за децава. За мене ова се бруки и срамови и јас лично не би се дрзнала да го барам ова има да пропаднам во земја вака да им се поставам и да им побарам пари за ова.

    Според мене внучињата треба да имаат поврзаност со бабата и дедото ама се тоа да биде низ игра, одите на гости и си дружат, оставање деца како да се на Ивкова слава кај стариве и нападно наметнување дека тоа било обврска и одговорност на баба и дедо кон внуци ми е нонсенс.
     
    На forumce, IRBBB, sanja.burgundy и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Lija.ska

    Lija.ska Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2022
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Тешко прашање...
    Ако е приморана на чување и да треба да си даде отказ , секако дека треба. Барем да им пари за основни работи за живот.

    Но, истовремено ќе очекувам услуги како од некоја што би ми го чувала за пари, одбосно јас ќе поставувам правила на игра.
     
    На DarkStormm и Осе им се допаѓа ова.
  18. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    4.871
    Пол:
    Женски
    Ама зошто приморана да чува ? Децата се на родителите. Ако бабата сака да чува по секоја цена тогаш ОК. Ама не знам еве, мојата свекрва не остава работно место. Не бараме од неа такво нешто. Го чува кога може. Кога е таа на работа го носам кај мојата баба или кај сестра ми.
     
    На spacegirl92, mssuniquee и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.586
    Пол:
    Женски
    Другарка ти не е за дете. Тоа е паразитско однесување. Толку за неа.
    Дете е обврска на родители , не на баби и дедовци. Да точно , се разболуват во градинка, ама ако не се разболуваат во градинка ќе се разболуват во школо. Едноставно мора да стекне имунитет. Мојава има баби над 70+ и ми нема смисла они да ја чуваат. Ако веќе немав избор да мораше они да ја чуваат ќе требаше некако да надоместам. Финансии немаше да примат ама ќе си имавме екстра обврски од типот на пазарење, чистење и слично, бидејќи мора некако да се одолжиш за тоа што некој 9 часа, 5 дена во неделата поминува со нашето дете. Мојава оди во градинка, кога ќе се разболи се снаоѓаме некако, едниот или другиот зема боледување. На баби ја даваме најадена , средена, наспана да ја поиграат еден саат, а ние да си седнеме на пивце или кафе во близина, или да средиме домашни обврски или веќе заспана да ја чуваат да излеземе. Така сите среќни и задоволни, едвај чекаат да им речам да поиграат или да бидат со неа. За тоа време ние си посветуваме внимание на нас двајца. Често ни помагаат од типот на ручек, пеглање и слични работи кој не бараат многу време, а нас многу ни значат.
     
    На Осе и lovely91 им се допаѓа ова.
  20. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.586
    Пол:
    Женски
    Па им даваат, им ги земаат пензиите или им препишуваат имот на тие што ќе ги чуваат, нотарски договори прават.
     
    На CameliaMiller и Bridget им се допаѓа ова.