1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бабите и дедовците да бидат платени за чување на внуците

Дискусија во 'Дете' започната од DarkStormm, 7 август 2022.

?

Дали сметате дека бабите, дедовците и другите роднини треба да бидат платени за чување на внуците?

  1. Да

    15 глас(а)
    12,2%
  2. Не

    70 глас(а)
    56,9%
  3. Зависи колку често се ангажирани

    38 глас(а)
    30,9%
  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Јас и маж ми си ги носиме со нас секаде децата , кога јас имам некоја неодложна работа , ги чува он кога е дома . Ако не е дома , најмалото го носам со себе , а другите две ги надгледува свекор ми , а јас гледам што побрзо да завршам работа и да се вратам дома . Тие се наша обврска , не на моите или неговите . Кога е неопходно ќе ги замолам да ги причуваат , и гледам што побрзо да се вратам дома . Но кога е маж ми дома , нормално тој ќе ги чува .

    Се е работа на договор . Свекрва ми и мајка ми сеуште работат . Минатиот месец мајка ми и свекрва ми изразија желба да ги земат синот и поголемата ќерка на по една недела поседок , па ги оставив едното кај една баба , другото кај друга баба . Ма да секогаш бевме и ние тука некаде , поминувавме да ги видиме . Потоа ги сменија местата , ова што беше кај мајка ми , замина кај свекрва ми и обратно .

    Кога се работи за подолго оставање , преферирам да ги земам со себе . Не сакам да оставам обврска ни на моите ни на родителите на сопругот на подолгорочно . Сепак и тие си имаат обврски што треба да ги извршуваат .

    Е сега , кога сме кај плаќање .. моите никогаш не би ми побарале пари за чување деца . Но јас сметам дека , доколку се пречесто ангажирани ( има млади родители кои одат на работа , на страна јас што не работам ) редно е да се понуди нешто . Дали финансии ( моите ( мислам на сите четворица тука ) за жива глава не би прифатиле а верувам и дека секаде е така ) или помош околу домашни обврски , за нас е малку а за нив е многу голем гест .
     
    На Cherry79 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Само по Балканов се очекува баба да има ОБВРСКА да чува деца.

    Едно е семејство, нормално да си помогне, ама ако некој треба да чува 40 часа + неделно, треба и да се плати. Тоа не е помош, работно место е. И тоа за лице кое најчесто е пред/во пензија.
     
    На Pacient srna, Munchmallow20, senjorita-v и 21 други им се допаѓа ова.
  3. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Во мојов град јас сум една од не нормалните што сметаат дека е вака. Во комшии сите деца ги чуваат баби и тоа од утро до мрак, некои мајки работат некои не. И тоа тие што работат идат од работа и не знам не е моја работа што прават ама пак децата се со баби. Може ќе звучам љубоморно ама, мајките нон стоп на нокти, дотерани, фризура итн. Јас имам една слободна баба и двајца дедовци. Никој нема изразено желба да чува деца. Моментално не работам, ако имам потреба ги чуваат не вели никој не. Но, кога би одела на работа 8 9 часа да оставам 3 деца некому тоаe одговораност. Не се согласувам дека треба да се плаќаат бабите,доколку се согласиле да чуваат внуци, но може некаква компензација. А не уште бабата да е крива за се и нон стоп под стрес да е. И да, само кај нас буквално се злоупотребуваат старите, за деца за пензии за се. Ама тоа е, може јас сум некој изрод, зашто многу често добивам коментари аман користи ги старите... :?:
     
    На dromka и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Не знам, ама некако мене ми е жално бе стар чоек бар на старост да не поживее. Цел живот работиш, трчаш, деца имаш се грижиш за нив, онака што се вика уште малце ти останоло од животот, ајде од ново...
    Мене баба ми ме чуваше за викенди и обожавав да одам кај неа и таа со дедо ми доаѓаа да ме земат. Па цел викенд уживавме, ме шетаа, ме играа, ме дружеа. Преубави спомени ми се.
    Ама тоа е баш она ем детето да се дружи со баба и дедо - нормално дека треба, ем родителиве да земат оддишка.

    И ок, на комшика де ќе причуваш дете ако затреба, ама тоа е едно, не е цело работно време и повеќе...
     
    На spacegirl92, senjorita-v, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    23.374
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека баби и дедовци се должни да чуваат деца. Но, во исто време не би ги плаќала нив, туку би вработила дадилка.

    Не сакам да сум во работен однос со мои родители (или другите родители) и освен тоа сметам дека е нормално да побараш помош повремено од баба и дедо или тетка или другарка да ти причува дете и би ми било глупо ако ми бараат пари, затоа што сметам дека е најнормално да се најдеш за некој кој ти е близок. Да ме одбијат можат кога сакаат, тоа е сосема разбирливо и океј.

    Западната култура има многу предности, но преформалниот однос со фамилија никогаш не ми се допаѓал. Како на пример цитираново, и јас имам слушнато многу вакви примери и не ми се допаѓа.

     
    На senjorita-v, DarkStormm, supergirlmb и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Знам за повеќе вакви случаеви.
    Конкретно примерот од најблискиве (странци) женава тој простор го издаваше, заработка и' беше. Синот беше одамна отселен, ама се ожени и ја замолија да поживеат таму додека да зберат пари да купат свое, секако кирија да и' плаќаат. Плаќаа мнооооогу помалку него било каде.

    Некако не ми е фер во оваа ситуација да не плаќаа ништо баш, бидејќи и на неа и' беше тоа приход за живот.

    За мое сфаќање ок договор имаа, ни таа не остана без ич ништо, ниту тие плаќаа како што би плаќале било каде на друго место, успеаа за неколку години да заштедат и да си заминат.

    Познавам и уште еден пар, мајка и' имаше daycare, се договорија таа да го затвори и да не работи повеќе тоа (повозрасна жена), тие си го пренаменија просторот за живеење и и' плаќаат ден денес сума.

    Ништо не е трагично, ако никој не се чувствува искористен.
     
    На senjorita-v, anggell, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Мислам дека сѐ е ствар на договор, според околностите, очекувањата и секако карактерите на засегнатите.

    Чување деца цело работно време е огромна обврска, наметната на луѓе кои отишле веќе во пензија значи луѓе кои веќе не се работоспособни, не само што е тешко изводливо туку и не е во интерес на децата, дури и добро да е платено.
    Градинките од најмала возраст се најдобра опција според мене, но со оглед на нивната состојба и (не)услуги, а и тоа што мајките мора да отсуствуваат од работа дури децата се болни или во процес на заздравување, гледање од страна на баби и дедовци е добредојдено на пократки периоди сѐ додека бенефит имаат сите страни.
    Во некои старечки домови во Канада намерно се носат мали деца од градинки да поминуваат време со старите лица бидејќи утврдиле психолозите таму дека имаат подобрувања во животите и двете групи, во однос на квалитет на животот и развој на социјални вештини и емпатија кај малите. Од тој аспект е добро, но сѐ додека доброволното гледање не е обврска со која бабата /дедото не може да се носи.

    А дали треба да се плати целодневна работа? Според мене да, но и тоа зависи од ситуацијата и како ќе биде прифатено. Компензација во вид на подароци или работи кои спомнале дека им требаат секогаш сум им давала. Но за компензација во вид на пари, не, бидејќи знам дека никогаш не би прифатиле.

    За другарката со коментарите од типот "сакавте внуци, сега гледајте ги" мислам дека е резултат на директно мешање на старите во животот на децата, пример откако ќе се заврши школо/факултет цело време мора да бидат потсетувани дека се должни внуци да обезбедат. Тоа се оние фамилии каде преовладуваат балкански стереотипи и заглавени во токсична средина и тука проблемот е многу подлабок од себичноста на мајката да ги остава на старите цел ден.
     
    На IRBBB, CameliaMiller, DarkStormm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.347
    Допаѓања:
    20.244
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е стварно пракса за запад формален однос ама да, и мене ми е глуп. Иако сум затворен тип и не толку зборлива, со блиски сакам да сум онака чил и формално понашање практикувам само кај што треба - помалку блиски и познати, работа/факултет и институции фала богу.

    ***
    За темава, исто би рекла не е должност на баби да бидат чувани ама сосем ми е океј некогаш да излезат во пресрет и глупо би било барање пари за повремено причувување. За секој ден е веќе друго. Тука сметам оти е така малце безобразлук. Али зависи од чоек. Знам деца што се израснати од баби и дедовци што се вика од чиста причина што луѓево им било мерак да ги чуваат и сами барале, не од што родителите барале толку.
     
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    10.551
    Пол:
    Женски
    Ниедни баба и дедо нема да побараат пари за чување, ама јас мислам дека и нема потреба да им го наметнуваме тоа правило дека ете мораат да чуваат.
    Јас и маж ми од сам старт сме сами, ретко ми го чуваа син ми освен кога морав до доктор, инаку и за работа син ми е со нас.Колку пат има поминато со нас.
    Пред некој месец кога се селевме потполно сами бевме, кога ми текне сега стомак ми се превртува. Толку куфери, мебел, до лажичка се, буквално во се сами.
    Е сега ако немаат пари моите а да ми го чуваат, знам дека не би прифатиле ама некако би нашла начин да им ги подметнувам, што знам како ама ќе најдам начин.
    А сега син ми веќе е поголем и сам оди кај нив, дури и кога сум дома само вели ај прашај баба дали ќе ме чува денеска, а и јас и маж ми дома, тоа дека има мерак со баба да седи. Ама и во тој случај ја прашувам мајка ми дали може, сака, како е со време, никогаш не сакам на некој да му кратам планови и време, што ако ми е мајка.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.788
    Пол:
    Женски
    Ако го чуваат по цел ден, секој ден, додека родителите се на работа, тогаш да, треба да си бидат платени.
    Тоа е огромна обврска, а веќе не се ни млади како што биле кога ги чувале своите деца.
    Јас не сум ни за ова, подобро да се најде жена за чување, помлада, која би можела да си ја работи работата како што треба. Старите луѓе се стари луѓе и треба да можат да си поуживаат во староста.
    Да, за ускокнување и помош за причувување не треба да е проблем ако се способни, ако не се тогаш само детето на гости со родителите.
    Јас имам кажано по темиве дека не би чувала внуче по цел ден, ни да ме платат, едноставно сум исчувала дете кога требало и тоа е тоа.
     
    На DarkStormm, senjorita-v, Snow-Star и 6 други им се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Ако е често или целодневно чување треба да се платени.

    Живеам во странство и мајка ми сака да земе неплатен одмор за да го чува детето. За пари нејќе ни да чуе, но јас не планирам да ја оставам така без пари да го чува.

    Други блиски роднини ми рекле еднаш месечно сакале да им го оставам на гости по неколку саати, за да може ние со таткото да се прошетаме. Тоа е на нивна желба и не се плаќа.
     
    На DarkStormm, Angie1432, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
  13. Lija.ska

    Lija.ska Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2022
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Приморана е ако мора, од разни причини
     
  14. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    Наведи неколку причини.
     
  15. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    28.510
    Јас имам неплатен баба сервис ... уствари два неплатени баба сервиси.

    Се е договор, нивна желба да помогнат, наша потреба и доверба за да им ги оставиме децата на чување. Не било идеално, имало тук и там по некоја закачка, ама чувале деца кога сум била на работа , па чувале и кога сме оделе на излегување.


    Муабет за да ги плаќам не станало никогаш, ама и јас никогаш не сум била дистанцирана кога нив сум им требала во било која ситуација, а богами имало ситуации многу кога народски кажано сум им се нашла.

    Овде ќе кажам и дека одев со скратено работно време за да дете не биде оставено 8 туку 4 часа. Од 3 години во градинка, кога сум дома јас си ги чувам, или мм, веќе се и поголемки па и почесто ги носиме со нас.

    Ако сме ставиле баба во ситуација да напушти работа секако дека ќе ја плаќам! Ако баба нема желба да чува внуче ( и тоа ми е сосем во ред ) нема да ја терам со сила нит за пари, нит за безпари да чува.

    Без разлика дали помагале околу децата, или не помагале... јас сметам дека човечно е во старост да им се најдеме затоа што родители ни се и затоа што знаеме какви се условите во државата ( старечки дом знае да чини повеќе од пензија ) .
     
    На JoyJoy, MilaSs12, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lija.ska

    Lija.ska Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2022
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Ме можам да ги наведам моите причини, може некиј да ме препознае :)
     
  17. Bebence29

    Bebence29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    912
    Пол:
    Женски
    Не треба од мерак да си ги чуваат вниците,и сами да ги бараат а не да ги молиме
     
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    11.027
    Пол:
    Женски
    Немам мислење дали треба да бидат платени, ама ќе ја искористам темава да ве прашам.

    Дали ви ги земаат децата на шетање, без да им го спомнете тоа? Дали самите изразуваат желба да поминуваат време со внучињата?

    Сега сум бремена, 7ми месец. Веќе стомакот ми стежнува и досега едино мајка ми доаѓа. Свекорите воопшто не доаѓаат, бидејќи се такви луѓе да не сакаат да се натураат самите.
    Свекрва ми само што замина во пензија порано, и има подречено ако ти треба помош, слободно викни ме.
    Ок, тоа. Но, да бидам искрена, таа не е толку спретна во снаоѓање со дете. Знам дека ако ја викнам, само ќе седне и тоа што син ми ќе ја заигрува. А мене ми треба некој да му смени и пелена, да го облече, да го изнесе од дома бар на 1 час.
    Таа стварно нема осет кон деца, некако понастрана се држи, едино за играње кога ѝ пријдува син ми. А помошта кон дете значи и извршување практични работи.
    Ако ја помолам да го изнесе, ми е да не се уплаши, да не ѝ создавам тежина како сега да го прошета, страв ѝ е можеби да не ѝ избега, а тој секогаш се држи за раче. Всушност таа како баба треба да се потруди да се поврзе со внучето. Децата сакаат зборување, објаснување, гушкање. Еве надвор да одат, можат да шетаат, да му кажува за природата. Ама ви велам дека си е како замаена и таа самата не си верува како ќе се снајде. А ми вели викни слободно.
    И сега што?
     
    На Lisandra и JoyJoy им се допаѓа ова.
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    И сеа ништо :D

    Еленче не треба да се лутиш има и такви баби што ете едноставно не се спретни со мали деца, мајка ми знае да го земе за раче, да го провози в кола ама тоа е максимум еден час и после ми во враќа ја осеќам дека не може жената, свекрва ми исто-еден час ќе го проветри по комшии и дига раце си бара одмор жената :D абе двеве исти мислиш една мајка ги родила.
    Е сеа пошто си ти во друго стање и стварно ти треба некој да го извади малото и да го забавува викни ја и кажи и отворено, замоли ја да го изнесе на прошетка ете не мора за раче, нека е в точаче да го турка, или нека го земе кај неа дома, спремај ранецот со пелени и алишта ќе се снајде, може дека и сама ќе се опушти. Дај и малце слобода на жената, ете може се плаши ама малце по малце ќе се опушти и таа ќе си го фати редот, башка под пензија е жената искористи ја дур е на нозе што би рекле, за тебе поубаво ќе си одмориш па и со друго бебенце стварно ќе ти треба сериозна помош, уходи ја со време
     
    На tambelina и elenaklasik им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    31.300
    Пол:
    Женски
    Ако ти треба помош слободно побарај помош. Ако не веруваш дека може да го чува детето тогаш не ја викај. Од тебе зависи. Ако не си ти подготвена да го оставиш детето само со неа тогаш не барај помош од неа, барај од друго место.
    Од пишаново ти имаш проблем да го оставиш детето со неа. Или разговарај отворено дали се нафаќа да го причувува сама без тебе и остави го детето само со неа или едноставно не ја ни викај за помош. Трето нема.
     
    На Осе и elenaklasik им се допаѓа ова.