Кај мојата најсакана бабичка која кога мама не е крајмене се грижи за мене и брат ми со огромна љубов и внимание. Ја сакам јас неа најмногу на целиов свет заслужува среќа здравје и љубов од нас!
Оваа година се падна кај мене, па со среќа да ми е Инаку паричката се паѓа на тој на кој му треба најмногу среќа таа година. И вистина е. Кога ќе се навратам назад кај се се паѓала паричката, вистана на тој кај се паднала имал најголема потреба од среќа. За прв пат оваа година посакав да не ми се падне, ама ете на мене ќе ми треба најмногу среќа годинава. Со години ми се немаше паднато паричката уште како дете се до прехлани кога ми се падна на мене, навистина таа година и тек како ми требаше среќа, таа година ја изгубив мајка ми Лани ни се падна во домот и пак вистина, таму ни требаше највеќе среќа, имавме финасиски потешкотии, доаѓавме во периоди кога фрижидерот беше буквално празен. Ама фалу му на Господ се издржа и тоа. На сите на кои оваа година ни се падна паричката од се срце ви посакувам многу здравје, љубов, мир и среќа. Господ сите да не благослови и сите да имаме најубава и најсреќна година до сега.
[СДК] Сакам да кажам... Денес дома беше топло, не од оганот туку од домашната прекрасна атмосфера. Три женички во кујна готват како една. Јадењето и трпезата беа совршени. Никогаш ваквиот грав, бел не ми е сладок како на овој ден. Јас го месев лепчето со паричка и при делењето ми се падна на мене. Моите се ожалостени кога кај мене е паричката, таа година се оди надолу Па не сум јас крива што сакам да трошам Фала ти Господе за мирот и спокојот во моето семејство. Па и за вчерашните гости кои донесоа многу позитивна енергија.
[СДК] Сакам да кажам... па не е фер сакав мене да ми падни паричката среќа ќе не служи цела година Господ ќе не чува од секакво зло пошо кај него се падна паричето а на сите шо им падна паричето среќа да ве служи цела година само убајни да ве следат
Паа, како да ви кажам... Паричката пак не се падна кај мене, трета година по ред се паѓа кај сестра ми. А упорно и упорно ми ја местат мене да ми се падне, не знам што баксуз ќе бев. Ако, нека има среќа годинава, ќе и‘ треба.
Oваа година паричката се падна кај сестра ми...Пукна од радост детето Ја цитирам:Тато!Тато беееее на менее тоаа парчееееее !!! На меенеееее тоаааа ! Се чудевме зошто детето се запали за тоа парче,а оно што било работата... Спојлер Си ја наместила паричката и ја видела како татко ми делел!
Оваа година се падна кај татко ми, да ми е жив и здрав и нека му е бериќетна оваа година. Те сакам тато
[СДК] Сакам да кажам... Паде паричка куде Јипман Лугето кога ќе им падне паричката и идат на фацебук да пишат статус (и ја)
[СДК] Сакам да кажам... Дочекав де и јас веќе 15, море 16та ја фаќа. Парата де се падна кај мене. Кои радости беа низ дома. Али признавам повеќе му се радував на јадењето. Цел ден се спремам, се токмам и на крај кога седнав после тоа ваква бев Спојлер . Битно има смеа низ станот, не е тивко.
И тука ќе пишам бре - кај мене, кај мене, првпат во животот КАЈ МЕНЕЕЕЕЕЕЕЕ!!! И на БТР ќе си пуштам честитка за паричево бреј!
Вртевме вртевме, и паричката не се падна во мене . Никад нема да ми се падне. Ќе си чекам јас. Инаку во куќата се падна. Втор пат. Им велам јас на моите и минатата година беше во куќата, оваа пак..А да побараме околу неа може нешто ќе најдеме .
Кај Господ Според мене, најубавата варијанта, така барем среќата нека оди кај сите подеднакво, и да не' чува Господ од лоши работи оваа година
[СДК] Сакам да кажам... СДК дека со нетрпение ја очекував паричката да ми падне мене, но се падна во домот. Така сакал Дедо Боже да не чува сите и да ни дава на сите среќа и бериќет. Нека ви е пријатна Бадниковата вечер ако сеуште не сте вечерале, а утрешниот ден Божиќ да ни е за многу години и од убавини да не куртулиме Ви посакувам сееее најубаво ! П.С. Сакам да прашам како може да закачам слика на пост од моево пц?