Оваа година кај мене се падна Сите бараме, бараме.. Ништо. И во последните залчиња, јас : Ај кај мене било!
[СДК] Сакам да кажам... Нека ветерот надвор што дува силно,го однесе сето зло од секоја куќа,од целата планета....Сите нека бидат среќни,исполнети,сите заслужуваат....Но,не секогаш е се како што треба,единствено треба време да се помириш со се,па и со најлошото....... Денес го направив првиот зелник во моја кариера( ама со готови кори),читај Кумановски, подобри од нив нема Истите и за баклава и се беше супер.Фалеше и филинг нормално т.е. паѓањето на паричката кај мене И тоа кој како мене,дупли среќник со две парички ,едната кај мама,едната кај жената свекрва. Читам дека не само мене ми е преполно мешето,па мора од утре на режим,инаку ќе биде страшно
[СДК] Сакам да кажам... И кај мене се падна паричката годинава Не можам да се жалам јас, секоја 2ра година кај мене се паѓа Па нека е за арно, за убаво Честит Божиќ на сите феминки
[СДК] Сакам да кажам... жал ми е што оваа година јас не успеав да ги пречекам коледарчињата,но поради ужасната забоболка синоќа ќе скренев...да до толку беше страшно дури и мама се испаничи па ми бутна во уста еден дијазепам ме гушна да се смирам и така сум заспала,и се разбудив во 3 попладне добро малку ми подпомина,па седнавме на бадниковата трпеза послана доле,и не ја раскреваме до сабајле,го скшивме лепчето и оваа година се падна кај мама многу ми е мило,нека е жива и здрава и највесела а исто им посакувам на сите среќни празници еве како изгледаше нашата трпеза...
[СДК] Сакам да кажам... Сакам да кажам дека во мене се падна паричката (за прв пат во животот! ). Среќна сум! Је је јеее!!! Се надевам дека надалеку прочуено лошата година која следува, ќе биде убава како за мене така и за сите. Среќни празници!
Кај мене се падна Се надевам дека ќе ми донесе среќа, па ќе видиме, инаку што се прави со паричката следната ден откако ќе отстои во вино вечерва?
[СДК] Сакам да кажам... Лани си добив две парички, а оваа година ниедна . Ниту дводомноста која ја уживам не ми помогна да добијам паричка. Од две лепчиња за Најубава нема ниту една паричка. Честитки девојки и момци, добиените парички да ви донесат многу здравје, љубов,среќа, положени испити и 10 во индекс, дипломи, 5 во дневник, вработувања и унапредувања, пари и 358 среќни и исполнети денови Нека ни е честит и вековит Божиќ, Христовото раѓање нека означи почеток на еден убав период во вашиот живот. За многу години нека е, Христос се роди!
Седма година по ред, кај мене се паѓа паричката А јас кутрата, атеист... и како на инат, се е кај мене Во последните 14 години ги собирам, и верувале или не, баш пред некој ден ги броев, 10 се Еднаш, дури 2 пати ми се падна Среќна сум што сум здрава и жива јас, и тоа ми е доволно
Кај сестра ми,и многу се израдував На неа најмногу и треба среќа,сама е во туѓа земја,без нас,најблиските. Господ нека ја штити од секакво зло,нека и го осветли патот кон успехот,нека и биде среќна и успешна оваа година. А кога таа е среќна,и сите ние сме среќни.
Кај мама Искрено не помнам кога последен пат ми се паднала паричката, а можеби било кога бабами ставаше во лепчето колку внуци толку парички али ако нема врска баш ми е мило што е кај мама, заслужува да биде среќна, успешна- таа е мојот херој, те сакам мамичке
Кај мајка ми. нека е жива и здрава ... и среќа и здравје да ја прати годинава се што сака да и се исполни.... <3
Христос се роди на сите православни христијани. Честит Божик. Здравје,хармонија,благосостојба,добробит,љубов во сечив дом Кај мене дома традицијата наложува кршење на чесницата за време на Божикниот ручек а, тоа е утре Се надевам дека златникот ќе се падне кај оној кому му е најпотребен за да го следи среќа и берикет во текот на целата година.
Во новава дома кај на Петко татко му(свекорот), а во старата дома(кај мама) во Господ. Свекорот ќе дава парички, а дедо Боже здравје и среќа нека ни дарува на сите. Минатата година двете парички кај мене се паднаа, и неможам да се пожалам среќна беше.
Вчера и не бев така расположена и искрено не верував дека ќе ми се падне паричето. Како што кажав во темата „Бадник“ кај нас се прави печиво и така по малку разочарана јадам и кога гледам во последните витки парето. Леле луѓе, се израдував како 5-6 годишно дете. Среќа невидена. Па и често ми паднува парето. Ми велат немој толку, не ти е првпат. А баш добро е си велам што ми падна парето. Денеска ми е прекрасен денот.