Дечко ми ја кршеше и се падна кај мене, но се ми се чини дека ми ја намести , а кај моите дома во куќата
Кај дедо ми.А лани и кај 2 баби и дедовци се паднала кај мене ( а не е наместено зошто имаат и други внуци) но ич не ми беше среќна годината
Оваа година падна паричката кај мајками, а лани кај мене, на сите што им се паднала паричката им посакувам многу здравје, љубов и среќа оваа година и нека оваа година им ги исполни сите скриени желби.
Кај нас оваа година паричката падна кај најмалиот член Климент мојот помал син кој има 5 месеци значи оваа ќе биде негова година Иначе сите бевме пресреќни дека падна кај него затоа што ни е најмало
Оваа година кај мене беше и дечко ми, зошто така беше договорот, а јас кај нив за божиќ. Паричето се падна кај него, толку се радуваше. Утре дента на ручек кај него беа и тетин му и тетка му. Мајка му гордо се пофали дека бил кај нас и дека нему му се паднала.
И денес кај мене се падна паричката Кога сака - сака 2 парички оваа година кај мене, и на Бадник, и сега. Нека биде бериќетна и среќна годинава
Пак ни се падна кај кучката абре сите парчиња си ги разделивме, и последното ајде за лина, и која среќа кутрево ја има еј
И јас сакав за Фигаро да делиме ама баба рече за животни не се делело Мене и на сестра ми ни делеа на две места, едното се падна кај мене, другото кај сестра ми
Нема врска тоа јас мислам. Другарки мои си имаат кученца што буквално си ги гледаат како деца, па си кршеа за нив. Нема ништо лошо во тоа. Живее со вас, се грижите за него, живо е...
Kaj нас во татко ми се падна нека му е со среќа. Кај нас дома кршиме дел за членовите во семејството, за Господ и за куќата. Под кука спагаат и дукани, викендица, овоштарик и слично. Мене ми е глупаво кога ке слушнам четиричлена фамилија што кршела лепче на 10 дела за најразлични работи. Ај некој ако има земја ако му е таа единствен извор на пари да крши парче за неа оти на таа земја се крсти на нејзиниот бериќет, ама на кучето на кој берикет да се кртсам.Имам едни во комшии и за колата и за едната нива и за прасето и за се. Сепак тоа е прашање на избор. Друго што ми смета е кога на некој му ја местат паричката ( а посебно на мали деца). Тоа бебе некое од 6 месеци не ни разбира и ќе му ја наместат. Па зошто кршат тогаш лепче? Ако се буни детето можеш лажно да му подметниш друга паричка а не така да ги учат од мали.
Cе крстам на тоа што во најтешките моменти, таа со мене плаче и ме гушка! зашто осеќа и знае кога сум скршена. Hикогаш нема да заборавам овие денови со колку љубов лежеше до мене со рачињата ме гушка и плаче со мене, зашто знае, осеќа дека ме боли и знае што се случува наоколу Jас нејзе не ја гледам само како куче туку како многу многу повеќе! извинете на офф топик