[СДК] Сакам да кажам... Со среќа нека му е на тато паричката, редно време беше, откога знам за себе нему не му се паднала. Нека е здрав и жив уште многу години, да биде со мене кога ќе дипломирам, и внуци да гледа и да ги воспитува така убаво како што ме воспитал мене. Машала!
[СДК] Сакам да кажам... Паричето кај мама ... Епа тоа е уште една година јас без париче си останав. Ама ако,битно е сите да сме здрави и живи,да се сакаме и почитуваме меѓусебно. Среќни празници девојки.
[СДК] Сакам да кажам... Инсектот од прееска ме излажа. Кај мене се падна паричката. И детето нешто заслужи. Лани ми беше прекрасна година без никаква паричка, дали и оваа ќе ми биде среќна, we will see.
[СДК] Сакам да кажам... Е само јас си имам две парички Обично секоја година паѓаат или кај мене или кај сестра ми, затоа што и кај нас, и кај баба ми и дедо ми се крши една чевртина за Бог, куќа, за сите членови во семејството и оооп три четвртини одат на мене и сестра ми И нормално во некоја од нас ќе е .. Ќе ми треба многу среќа годинава .. Со оглед на тоа што ќе сум оставена сама на себе во туѓа земја, и ќе се снаоѓам како знам и умеам, искрено се надевам дека паричкиве ќе ми донесат многу среќа..
[СДК] Сакам да кажам... Како што е редот, еве сум и јас со извештај за паричката Овој пат - кај Господ Мене паричката ми се нема паднато едно добри 15-тина години. Всушност, да бидам искрена, не знам ни дали некогаш воопшто ми се има паднато, само знам дека кога бев мала плачев ако не беше кај мене, па моите ми ја местеа Судејќи според ова, тежок несреќник сум И не знам дали само јас и моето семејство сме ненормални, ама ние кршиме дел од лепчето и за кучката Уствари, баш ми е гајле ако сме ненормални И таа е дел од нашето семејство веќе 7 години, и ќе биде уште долго. И ја сакаме најмногу на светот. Добро сега, за малечките што ги роди ќе беше претеризам да кршиме ама за неа животот би го дала бре! Ете така, сега кога поднесов детален извештај, совеста ми е мирна и вечер убаво ќе спијам Се шалам, нека ви е со среќа на сите на кои ви се падна паричката, а среќата да не не` заобиколи и нам кои не ни се падна, а потајно се надевавме дека конечно проклетството ќе се прекине годинава Имајте убава вечер
[СДК] Сакам да кажам... И лани и сега паричката кај мене се падна Си реков јас, нека биде годинава барем на пола добра од ланската. А еве ја, супер ми тргна, пу пу Не можам да се пожалам, често кај мене се паѓа парето. Ама ќе ми треба, здравје нели пак планирам да одам за Германија летото Бадник ми е омилен празник, ја обожавам магијата која постои овие денови. Едвај чекам утре да ги посетам баба и дедо, вујко ми, тетка ми.. и сите по ред. Нека е за многу години денов!
Кај татко ми.. И сеа сум тажна зашто не можам и јас да си ставам статус на фб дека кај мене е паричката..
[СДК] Сакам да кажам... Како и лани, така и оваа година паричката се падна кај мене. Лани се залажував, т.е. ме залажуваа дека ќе сум имала среќна година и само убавини дека ќе ми се случувале, ама си ја видов јас убавината од годината. Не велам дека немаше убави и среќни моменти, имаше, ама јас си знам низ што сè поминав за(ради) тие неколку убави моменти. Така што, оваа година се плашам од тоа што следи. Не сакам повторно да се залажувам дека годинава ќе ми биде преубава, да не бидне ко лани. Не сум баш среќна што паричкава кај мене падна, ама со лесно нека ми е.
[СДК] Сакам да кажам... Мене ми се падна паричката! Како мало дете се радувам, навистина. Па прв пат ми се паѓа што да правам. А мислев нема шанси да ми се падне, виша сила шта чеш На сите нека ни носи здравје, среќа, бериќет, успех, љубов.