[СДК] Сакам да кажам... Ахх.. кај кој друг ќе се падне паричката, ако не кај МЕНЕ! Многу голема среќлика сум. Колку и да бегам, среќава пак кај мене, паричката пак кај мене. Како мало дете си се радувам кога ке ми се падне паричката, секој следен пат, ко да е прв пат.
Кај мене се падна за промена. Не памтам од кога не ми се паднала. Се надевам дека ќе донесе малку среќа.
Минатата година кај мене, а овој пат кај мајка ми Нека е жива и здрава, Господ нека ја чува... Да ми се смее секој ден така слатко, исполнето... Да ми игра на дипломска, свадба, внучиња да си чува, правнучиња да си дочека !
Оваа година падна кај мајка ми, а кај дечко ми паднала кај него и да ви кажам право, исто како на мене да ми се паднала - они се мојата среќа. Не памтам кога мене ми се паднала, ако некогаш воопшто ми се паднала.. дури еднаш кога требаше мене да ми се падне бидејки имав траги од паричката на лепчето, ја најдовме во рерна, значи ни тоа не се брои Честитки до сите на кои им се падна паричката, да ви донесе многу среќа и топлина во срцата
Кај мене никогаш не се паднала Моите никогаш не ни ја местеле, и многу ми е глупаво тоа. Како мала сум се лутела, ама татко ми ме научил дека не треба да се прекршува традицијата. Годинава се падна кај мајка ми. Па и се смешкам и пеам: Избори се ближат, иииизбори се ближат Ќе и треба богами среќа, ќе има еден тон работа и растрчување.
Хахах.. Ние за Василица правиеме пите со паричка, но и вечерва имавме... Но. бидејќи имам помал брат беше местено за кај него и за кај мене да се падни... АМА СЕПАК СО СРЕЌА НЕКА НИ Е И среќен Бадник...
Паричката се падна кај татко ми. Среќна бев бидејќи не памтам дека кај него некогаш се паднала, па нека му е среќна годинава .