Што значи да се падне кај господ? Ма да јас и тоа го изедов, свиња гладна бев За прв пат кај дедо боже. Одвај го најдовме..
Ете прв пат и јас да дочекам.Паричката се падна кај мене.Најискрено воопшто не очекував си викав и онака никогаш не ми се паднала нема ни сега,ама на кој и да се падне најсреќен да е.Тоа го посакав пред да се подели лебчето.И оп кај мене...најсреќна ли ќе бидам? Се надевам. Ама не само јас туку покрај мене и сите да се најсреќни.
Кај сестра ми ! Девојчево тап си го зема најголемово парче,каснува и паричката в уста . Добро што не падна кај мене .Сепак добро што е кај неа.Ќе и' треба среќа дефинитивно.
Ајде нек се угоде! На сите нека ни е со среќа што ни се падна паричката, а и сите останати имајте убава, полна со радости година и повеќе среќа следниот пат https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/ ... 8001_n.jpg
Паричката ,после долго време се падна во мене .. и навистина сум пресреќна .. верувам во овие работи и верувам дека оваа година ќе ми биде бериќетна ...
Баба ми рече дека ако паричката се паднела кај дедо Боже, носела среќа и бериќет на целата фамилија. Кај нас паричката се падна кај Господ пред 3-4 години и убаво се сеќавам дека тоа го кажа, ама помали бевме со брат ми и си го протумачивме како утеха дека не се паднала во нас, па ајде - среќа и бериќет на сите подеднакво, за да не се лутиме. Во главно, тоа е. А годинава, прв пат кај мене. И мене никогаш не ми местеле паричка, не сум била плачка ако не ми се падне, па моите немале потреба од местенки. Годинава мајка ми сто пати си се праша дали ја ставила паричката во лепчето или ја заборавила. Колку фино се беше сокрила, немате поим. Бараме сите, се јавува еден по еден со фамозното „нема, не е кај мене“ и сите зачудени си чекаме. А мене гласчето во главата само ми се јавуваше и ми велеше „абе, провери уште еднаш, скриена е сигурно“. И навистина беше. Дури и кај дечко ми се паднала кај него за прв пат. Се надевам дека ќе ни биде среќна годинава.
Паричката ако се падне кај Господ мислам дека носи среќа и бериќет во целата фамилија.И мислам дури,ако се падне паричката кај Господ треба да се однесе во црква,ама не сум сигурна.Прашај некој друг Инаку кај нас до пред 2-3 години се местеше паричката,кај брат ми нормално затоа што беше плачко голем.Се лутеше сакаше само кај него,да биде паричката.И така да.Еднаш не местено паричката се падна кај мене 2011 година беше.И така Годинава се падна кај мама.
Незнам зошто ние досега не сме ределе паричка за Бадник. Само за василица ставаме. и кај мене никогаш се нема паднато.. затоа мн среќа имам -.- (сакав да ич )