По кој редослед кршите лепче? Годинава се зајадовме дома, секој си имаше своја правилна делба ))Јас додека си бев кај моите, прво делевме за Господ, па Богородица, потоа куќа, коли, па почнуввме од најстариот член. Инаку паричката се падна кај свекор ми
пола лепче се остава за делење на господ, куќа, имовина и сл...а другиот дел за членовите од фамилија почнувајќи од најстариот... и така МЕНЕ ми падна оваа година како најмала
Кај дедо ми, да го поживее Господ ! Јас ја немам таа среќа, не паметам кога последен пат се паднала кај мене
Кај мене . Две години по ред, многу ми се фати, надокнадувам за тоа што претходно никогаш ми се немаше паднато. И лани, и сега, цел ден претходно имав некое претчувство дека кај мене ќе биде.