[СДК] Сакам да кажам... Денеска вртевме бурек со паричка...Паричката се падна кај брат ми...Му посакувам среќа да го прати цела година да ми биде жив и здрав
Кај дечко ми сум на гости и тука кршевме некоја како пита беше со паричка. И пак кај мене. Шо среќа ќе беше, двапати годинава.
Денес кај брат ми се падна, и ептен се израдувавме сите дома. Нека му е со среќа, го чека матура и упис на факултет годинава. Само да ми е жив и здрав, срце на дада
Дома денес го вртевме и се падна кај мене , а сега излегувам одам со другарките па ке видиме кај ке се падни .
За Бадник ми се падна мене. Подоцна мајка ми од невнимание ми го заџитали паричето в ѓубре, па можете само да си замислите како изгледаше ноќта, на минус темепература, како рошка во корпата Го најде, luckily. Некоја луда среќа ќе да беше, а изгледа и од мајка ми ќе ми зависи * Попладнево вчерашно вртевме и со друшките, Убавата го најде кога веќе сите изгубивме надежи дека воопшто ИМА паричка во зелникот и дека заборавиле да стават. * Утре за ручек ќе вртиме дома, мајка ми направи питулици. * Абе паричиња на сто места, да не ти се падне никаде, епа тогаш стварно треба да си баксуз изгледа
Денес вртевме мазник дома бидејќи после сестра ми нема да е тука и и се падна неа Ако,нека и носи среќа многу,ќе и треба А вечерва,ми дојдоа друштвото што си го вртиме парето стално,пошто лани мене ми падна,па оваа година беше поинтересно и не стави во мисли,не, тебе ќе ти се падни,не, него ќе му се падни.... На крај пак мене ми се падна
за бадник падна кај мене а за василица со друштвото пак кај МЕНЕ! многу сум среќна...да видиме што ќе ми донесе 2013!
Секогаш пред да ми се падни парето имам некое претчувство па така и оваа година лани баш и не беше среќна година за мене и не падна во мене парето , ама оваа година падна и едвај чекам да видам како ќе биди.. :geek:
Па кај нас за Василица се врти бурек со паричка Дома кога вртевме се падна кај брат ми...кога вртевме со друштво се падна кај мене И кога вртевме кај баба цела фамилија повторно се падна кај мене Ќе видиме колку ќе биде среќна годинава
И кај нас на Василица се бара паричка, и тоа 2 Златната се падна кај сестра ми, а сребрената кај мајка ми, кај мене нема.
И кај нас вртиме печиво со паричка на Василица и годинава се падна во парчето што го оставивме за Господ.
Кај мене, прв пат. дури и не ми се веруваше, мислев дека е местена, пошто никогаш досега не ми се паднала а и си немам ич среќа хд