[СДК] Сакам да кажам... Паричката се падна кај мајка ми. И посакувам премногу среќа да има, здравје пред се, љубов, и конечно да си ја добие посакуваната работа. Те сакам мамичке, се надевам дека барем половина од желбите ќе ти се исполнат оваа година.
[СДК] Сакам да кажам... Бадниковата паричка се падна кај мене.Често се случува јас да бидам добитникот.Имам и добро и лошо искуство.Измината година не ми беше наклонета. Се надевам дека оваа 2014 год.ќе ми биде поуспешна. На сите феминки на кои им се падна паричката има посакувам среќа.
[СДК] Сакам да кажам... Кај нас, втора година по ред и кај Господ се паѓа паричката. Не кажувам ништо, нека му е честито, ама не му е доста што лани му се падна и син му се родил? А кај баба ми кај братучед ми се паднала. Епа нека му е на него честито!
И кај мене се падна паричката, затоа феминки пазете се, нареднава година ќе ми биде среќна, па ќе ви бидам сериозен конкурент за наградата "ФЕМИНКА НА ГОДИНАТА"
кај маж ми, нека му е со среќа и пари да ни носи дома повеќе, да имаме јас и синот наш не дека сега ни фали нешто, но малце повеќе нема да ни дојдат лошо
После долго време, оп оп паричето кај мене падна Баш сум си среќна, првиве денови од 2014-та навистина убаво ми тргнаа..2013-та е оставена зад мене, се надевам на многу успеси оваа година
[СДК] Сакам да кажам... Дефинитивно ова е година на мајките. И кај нас се падна кај мајка ми. Епа мамо, биди здрава и среќна цела година! Воедно со среќа на сите оние кои им се паднала паричката и среќни празници на сите!
[СДК] Сакам да кажам... Прва година сопруга,прва година мајка и прва година ми се паѓа парето мене... Посреќна неможам да бидам,.. Нека е за многу години овој прекрасен празник
[СДК] Сакам да кажам... Епа деца кај мене е парата Ја чекам долго време, дури и татко ми имаше трема при делењето За многу години нека е !