Кај свекрва ми, кај мајка ми, кај свекрвата на сестра ми итн... значи женска ќе биде годинава, нека им биде среќна. Јас па во ова не верувам, иако само неколку пати во овие 31 година ми се паднала паричка, баш тие години ми биле нај без врска. Паметам кога бевме мали, сестра ми бидејќи беше лутка голема, се правеа напори да и биде наместена нејзе паричката, зашто ако не и се паднеше ќе ни уништеше вечера уште во старт. Јас не се оптоварувам со таа паричка и не верувам во тој обичај. Бил Гејтс да не врти лепче со паричка случајно? Тоа со премиерот што му се паднала паричката е само атракција и игра на случајност. И да не му се паднела паричката пак годинава ќе му биде среќна, нели годинава избори ова она Така да, деца, паричката не е пресудна, освен ако лепчето не е малку поќе поголемо и полно со златни лири.