И оваа година татко ми пак највеќе ќе дава пари Паричката сеуште не размислува да го предаде кумството на некој друг
Кај мајка ми Толку многу се израдував што почнав да плескам од среќа, баш ми беше мерак, не паметам од кога и нема паднато.
Мене никогаш досега не ми се паднала, кај нас местенки немало ни кога бевме деца. Се знае како се дели - првото парче за Господ, второто за куќата, па се дели по ред на членовите на семејството според возраст. Е, годинава бев најблиску до паричката - во моето парче беше, ама мајка ми по грешка ѝ го даде на сестра ми (која патем е голема среќлија, ни самата не знае колку пати ѝ се паднала паричката). Со сестра ми ја видовме паричката, и двете знаевме дека е во моето парче, ама на мајка ми така ѝ дојде да ни ги подаде, па ни ги смени Се гледаме со сестра ми, а мајка ми почнува да бара во нејзиното парче. Ѝ вика сестра ми: Абе мамо еве го паричето, ама ова парче требаше на Ана да ѝ го дадеш. Викам - сестро твое било, многу среќа да ти донесе. Мајка ми после жива ќе се изедеше, ама бидна веќе. Башка ќе ѝ простиме, годинава татко ми е на работа, па прв пат мајка ми да дели лепче. Ја тешам и ѝ викам: Де бе мамо, зар не знаеш што к'смет имам јас Од мала сонувам дека еден ден ќе го најдам и ќе го фатам за гуша како Колозов во една приказна
Кај нас годинава во Господ, нека не` чува сите. Му пропадна пропагандата на брат ми, па го пукнаа од зафркавање дека паричката не можела да се одлучи кај кој попрво да се падне и на крај завршила така.
Кај нас последното парче беше за мене и ете таму била паричката. Ова ми е втора паричка за празников, абе среќа пуна вреќа . Печена е зелената карта годинава а од оваа домашнава се знае што се очекува и не би сакала да чекам наредна паричка.